Dali nekogas si pocustvuvala Bozjo prisustvo ? Pri molitva ili citanje biblija ? Ako voopsto ja imas citano?Biblijata ne e samo obicna kniga mozes da proveris
Да, имам почуствувано Божјо присуство. Ја имам читано и Библијата. Меѓутоа прашањето беше нешто друго, ќе го повторам: Бидејќи во Библијата никаде не е опишано како изгледал Исус, од каде знаете дека ликот кој го гледате во дамките е токму Исус?
Ednostavno znam .Ja zatvoriv biblijata vednas pogledot mi se nasoci kon vratava izvikav Isus! VO istiot moment kako vrela voda od glava do petici mi pomina niz teloto . Toa custvo nemozam da go opisam LJUBOV
Мене ме интересира колку време стоеше таа слика на врата, дали уште стои, сакам нова слика од вратата и одговор на прашањето...Дали Исус ти се насмевна додека ти го сликаше?
Јас, кутрата, три дена се ѕверам во вратава и никако да го видам Исус. Ама ако го гледате Исус како на Тајната вечера, голема е веројатноста да се појавил на Да Винчи љубовникот на врата, а не Исус.
Ден 4 - јас уште не гледам никаков лик на сликава... дали од пц отворена, дали од мобилен на помало, па дури ни на сликата со заокружено од една членка на претходната страна. И сеа тоа што сме се изнашалиле на цела отворена тема (плус на латиница) за ова со сликава на која 90% не приметуваме ништо невообичаено - за некои е непочитување и навреда воопшто на христијанството? Па ај тогаш грешници сме и сите што не лајкуваме и споделуваме икони на фејсбук... Многу од луѓево што напишаа по некоја зезанција и не се атеисти (меѓу кои и јас, иако не сум некој голем верник), а ниту атеистите знам дека немаа намера да навредат религија. Не знам зошто сè толку озбилно сфаќате, а не знам уствари ни каква потреба има од темава.
Ако таткому му помогнеше ние немаше да бидеме спасени, тој го даде синот свој за нас , замисли колку бог не сака .
Но, Господ би требало да ја знае народната дека не се гради среќа врз туѓа несреќа. По Исус, се случува истото што и пред Исус - војни, болести разни и опаки, тортури, страдања... Што љубов ли ќе беше...
Боже, божееееееее..на каква тема се згубиданчиме сите..од една врата кај ојдоа умовите..абе бришете ја темава АМАН..навистина глупаво ВИДУВАЊЕ на.....Цацко
Преименувајте ја темава во Пареидолија - психолошкиот феномен каде што луѓето гледаат препознатливи форми во облаците, камењата или други видови на неповрзани објекти или податоци. Па ќе си ставаме и други слики и ќе си споделуваме што гледаме
Хахаха малце ми падна смешно дека господ треба да ја знаел народната и со оваа поговорка сватив дека џабе ке ти пишам затоа дај информирајсе прво зошто Исус воскресна? Зошто неговиот татко не му помогна?И зошто сеиште има војни ? И ред други прашања .
офф топик: По таа логика некои би можеле да кажат: замисли колку татко му го мразел. Испаѓа дека Бог не ги љуби своиете деца подеднакво. Таквото сфаќање потекнува од паганството каде луѓето поради својата оддалеченост од Бога мислеле дека Тој се гневи и дека можат да го смират со човечки и животински жртви. Но таквите сфаќања и постапки се кршат со вечните божествени законитости и биле телепатски поттикнувани од божјиот противник. Бог, нашиот Вечен Татко не го испратил Исус за да биде убиен. Тоа е одлука која ја донеле луѓето поттикнати од демонските сили. Бог и Исус не се вмешале бидејќи знаеле дека и на тој начин мисијата ќе биде извршена а воедно силите на мракот ќе добијат шанса да ја увидат бесмисленоста на своите планови и дека е невозможно да се убие божествено битие. Мисијата била да се сопре процесот на падот и да се подели спасителската искра во сите луѓе и души за да се оневозможи нивна дезинтеграција поради отпаѓањето од вечниот извор - Бог, и да се овозможи постепено враќање на сите отпаднати битија во Небесното царство, нашата вечна и изворна Татковина. Тоа можело да се овозможи и на друг начин - така што тогашните луѓе би го прифатиле Исус и би го примениле неговото учење, но тие го одбрале потешкиот пат. Тоа е така поради тоа што малкумина луѓе одбрале да живеат според учењето на Исус. Наместо тоа повеќето изградиле култ на личност околу неговиот лик а неговите поуки за мир и љубов ги замениле со ритуали и традиции. Во голема мера кон тоа погрешно сфаќање придонел Павле со своите посланија во Библијата, кои акцентот го ставаат на жртвата на крстот и верата во Исус наместо практицирање на неговот учење на љубов кон ближните.
Кога се смееш на нешто што сум напишала, треба да бидеш свесна дека било напишано со намера да се смееш. Прво и основно, ти ќе се информираш околу верата која ја следиш, а тоа вклучува: историја на религии, нивно потекло, препознавање стари политеистички и предхристијански мотиви во христијанството, учење како се разликува можното од невозможното, и ред други работи. Дури потоа евентуално можеш да правиш офтопици пишувајќи ми мене лично, ок?
Па ти не разбираш дека бог не гради среќа на туѓа несреќа , туку ни даде воскресение после смрта нас кои веруваме ви него , и за Исус ич да не тие жал како што пишиш туку треба да се радуваш што е воскреснат . Тој е жив не е мртов .
Проблемот по темиве не е во тоа што некој има потреба да докаже дека е попаметен од другите, да докаже дека некој друг живее во заблуда, да се шегува со нечии ставови, да ги нарекува другите грешници, неверници итн. Проблемот е во тоа што луѓето не се свесни, дека кога некој зборува за нешто или некого, зборува за себе и само за себе. Во „несвесни" луѓе спаѓам и јас, за да не се навредите. Кога некој исмева нечија верба, нечиј став или искуство, тоа само зборува колку е таа личност свесна и колку владее над сопственото его. Некој пак се нарекува себе си чист и добар, само затоа што имал право на избор и избрал да верува во нешто, а некого нарекува грешен и нечист, само затоа што тој исто така имал право да избере и се одлучил за нешто поинакво. Кога еден човек ви вели дека ќе одите во пеколот, сте се запрашале ли дали има тоа некаква врска со вас? Нели неговите зборови зборуваат колку гнев, незадоволство и омраза има во него? Нели сфаќате колку е исфрустриран и неисполнет? Оставете ги луѓето нека го кажат своето мислење, и престанете веќе еднаш сѐ да сфаќате лично и да го рушите сопствениот мир само за да бидете во право. И јас го кажав своето мислење, и јас имам его, и јас не сум доволно свесна. Навистина се извинувам за офф топикот. Што се однесува на сликата, не, не го видов Исус. Што се однесува на членката што ја отвори темава, wow, колку е моќна човековата верба, ум, фокус. Читајќи ја Библијата, се чувствувала толку добро, што го видела ликот на Исус на својата врата. Таа го видела, зашто религијата ѝ е дел од животот. Јас нема никогаш, зашто не сум во состојба да се уверам себе си дека читајќи го Светото писмо доживувам чувства на љубов, почит, сигурност и неизмерна среќа. Јас не се пронаоѓам таму, и не, нема да одам во пеколот.
Исус којзнае какви трауми доживеал на крстот. Господ порачува да страдаме за да бидеме достојни за него. Тоа не е љубов, тоа е садо-мазохистички однос, а такво нешто не е здраво.