Исус доживеал трауми на крстот со цел ние да не ги доживееме тие трауми на Судниот ден кога Господ ќе ги казнува гревовите на сите луѓе и на ниту еден нема да му биде прогледано низ прсти. Казната за нашите гревови што ние треба да ја примиме, Исус ја зема на на себе. Тоа е љубов. Нема поголема љубов од тоа да го жртвуваш својот живот за оној кој го љубиш. Тоа го направи Исус за нас. Господ не порачува да страдаме за да бидеме достојни за Него. Сепак предвидува дека оние кои сакаат да живеат побожно, според Исусовото учење, нема баш да бидат омилени од останатите луѓе и во некои случаи ќе имаат и страдања од нив (имало и крвави прогонства на христијаните), па затоа порачува да издржиме во тие страдања. Едно е да страдаш од своја воља, садо-мазохистички, а друго е да издржиш во страдање предизвикано од други.
@MariaAndritsos јас сакам да прашам дали ликот на вратата сеуште стој и на која религија поточно припаѓаш ?
хмм да погодам, ако е православна, тогаш тоа е навистина Исус, а ако не е, тогаш тоа е ѓаволска измама?
Denes e Sretenie Gospodovo,golem hristijanski praznik,den koga Isus za prvpat bil voveden vo hramot,40 dena po negovoto radjanje. Pravoslavnite hristijani na denešen den go molat Gospod, da im se pokaže,da go počuvstvuvaat negovoto prisustvo,da ja učvrsti nivnata verba. Navistina e tažno da se ismeva eden iskreno napišan post,da emocija koja e napišana od voshit,ostane samo čovekova izvalkana traga.
Не ви кажав дека и на вратата од мојата соба се нацрта Исус. Не се зафркавам, гледав, барав форми и го забележав во фарбата. Цело лице е, брада, коса на рамена и венец на глава. Проверете си и вие дали го имате Јас си најдов уште неколку други фаци, славни-популарни, па најдов облачиња, престол... Тие христијани кои биле прогонувани (пред 2000 години, е-хее, оттогаш се убиени многу повеќе луѓе од страна на христијаните и во име на христијанството), доколку си седеле дома и си верувале за себе, никој немало ни да ги прогонува. Знаеле што ги чека, а сепак свесно сами си пресудиле. Ако тоа не е своја волја, не знам што е. И намалете малку со мисионерство , нема потреба да ми држите предавања за верата. Јасно ми е се, но истото не ми се допаѓа. Господ во кој верувате, треба да биде олицетворение на доброто и на правдата, што не вклучува премолчување, кога на пример, добри и праведни луѓе се распнувани на крстови или фрлани на лавови.
Ne mi e samo jasno.. sto e pravi razlicni nas hristijanite sto ne citame biblija, i vas hristijanite sto.citate? Demek.nesho au a? Aj plis answer
Никаква разлика.Дури смешни се такви што постојано само пишуваат за христијанство,на своите фејсбук профили објавуваат постојано икони,крстови,поуки и тоа претерано некои.Мислат дека така се подвизуваат.И кога ќе бидат за тоа критикувани и навредени се сметаат за исповедници.Лудост.А најнапред треба прво да живееме така па после ако имаме искуство да пишуваме.Затоа во право си најдобро да молчиме.Јас сигурен сум дека повеќето ненамерно пишуваме чисто од разонода чисто рилекс,а не мисионерство.
Da,nema ovde misionarenje sigurno. Vo realnosta nikogas ne zboruvam na ovaa tema,no poinaku e ovde,anonimno e i polesno da se napise ona sto te privlekuva,ona za sto mozes da procitaš deka i drugi go čuvstvuvaat.Poradi toa, lični iskustva mene osobeno mi značat. Navistina nema potreba da poradi toa vednaš na nekogo mu se lepi etiketa koja go odreduva i ismeva. Verata e intimen čin,nikoj ne moze da ja izmeri kolkava e na onoj pokraj nas.
Тоа е исто ко некој да праша: Што не прави различни нас марксистите што не го знаеме учењето на Маркс и оние што го познаваат? Или будистите што не го знаат учењето на Буда и оние што го знаат? Епа има голема разлика. Кај христијаните што го познаваат учењето може да се дебатира дали истото го следат т.е. дали се искрени верници или само онака номинални. Ама кај оние кои не го познаваат учењето на Исус, нема простор за дебата, едноставно не може човек да следи нешто што не познава, макар бил и на папата синот.
Чекајте као ние што не читаме библија, не сме верници овие другиве се? Искрено незнам зашто така класифицирате. Верувам Во ИСУС. Имам дома библија не ја читам. Но еве познавам семејство кои се протестанти а читаат библија. Не е навреда исмејувањето на нашите празници на нашите верувања од нивна страна(од страна на протестантите)? И они биле верници што читале?Ма немој молимте, све перење мозок. Глупости. Било грев да се оди на слава? Чекај бе, грев е да ми збориш за мојата религија моето верување да ми го исмејуваш тоа. а не грев било да одиш на слава. Ако правам грев што одам на слава значи се прави грев кога се исмејува бадник божик и све остало.За мене луѓето што читаат библија се ок, но луѓето што читаат библија а се праат многу паметни и гледаат секоја можна прилика да те наведат на друг пат се десет метра под земја. Срамота!
Работата е во тоа што оние кои не читаат Библија, не се доволно запознаени со својата вера. И јас велев дека сум верник, но кога ја отворив Библијата и почнав да читам, тогаш сфатив колку всушност сум немала познавање од сопствената вера а со тоа, па и не сум била баш некој голем верник. Да каже некој дека чита Библија не значи дека се фали. Ваков став за таа работа, @RumShtangla прв пат среќавам сега, од тебе. Велиш дека ја имаш Библијата, зошто не се нафатиш да ја прочиташ па да видиш која е разликата меѓу верникот што ја чита и верникот што не ја чита?
А дозволено е тој што ја чита библијата да ми го нарушува моето верување? Отидов и ја предалеку од темава, но имам стварно недоумица. Инаку сите сме луѓе ретко кој е човек. Сите сме исти. Но сепак не треба така да се постапува,бидејќи осеќам на своја кожа како е да ми нарушат верување и да ме класифицираат како неверник
Најблизок човек од мојата фамилија. Протестант. Вели : " Јас ја читам Библијата, поблиску сум до Господа. Вие православните, вие не читате Библија, вашите верувања не држат вода, празници? Пф живи глупости, бебе коа ке се роди 40 дена да поминат? Извини ззошто да не го урочат хахаха". Ова беа зборовите. Не ми е гајле дали чита Библија дали е Протестант, од крв и месо сме и јас и тој човек. Но друго е поентата.
Ако ја читал Библијата твојов роднина, ќе знаел дека и во Стариот Завет и во Новиот Завет, бебињата на 40 дена ги носеле в црква (во храмот) и се принесувала жртва сепаленица (сиромашните: две грлици или гулабчиња, богатите јагне годиначе)... Почитувана, тие можеби читаат, ама слабо разбираат, а уште помалку го живеат и практикуваат она што го прочитале.
Ти да разбираше 2 збора од Библијата ќе знаеше дека сега не постои ни стар завет, ниту еврејскиот храм, ниту левитското свештенство, ниту пак во новиот завет важат левитските заповеди за жртви, очистувања и сл. Во Новиот завет не постои нешто такво како "очистување на бебиња". Под новиот завет не се мисли на книгите содржани во новиот завет (каде што се спомнуваат и старозаветни работи), туку Новиот завет кој го склучува Исус и кој започнува со Неговата смрт откако ја платил казната за гревовите и извршил очистување од истите. Со вакви тралалајки можеш да прелажеш само луѓе што исто како тебе претрчале преку неколку редови од Библијата, ништо не разбрале, ја затвориле и одма се завртеле кон попскиот збор.
Од една обична врата која дискусија се развила... Алал да ти е жено со вратата, им отвори занимација на членовите.
Како и да е, смета пошо е протестант, дека не теба да се крштева дете, да се венчаваш во црква.. Вереницата му избега пошо незнаееше дека е протестант, а со тоа и дека неможе да се венчаат во црква бидејќи не е крстенн..Незнам хаос