1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Виена

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од milicka1975, 17 август 2012.

  1. milicka1975

    milicka1975 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Темава ја отварам инспирарана од можноста за патување со ефтини летови. Конкретно прочитав дека летовите до Виена чинат околу 26 евра повратен билет со авионски такси. Многу би сакала да организирам патување од 3-4 дена баш до Виена. Меѓутоа во тоа немам искуство со оглед на тоа дека немам летано со авион, секое патување ми е организирано со агенција, или пак на своја рака годишен одмор но сепак во Грција. Би сакала да споделите искуства ако ги имате за Виена. Како се цените на сместување, што да се посети, колку е далеку аеродромот од градот, каков е јавниот превоз, смествување класично во хотел или има убави хостели или приватни соби. Секое искуство е добродојдено, однапред фала на сите.
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ВИЕНА

    Истава дестинација ни е планирана за 11ти октомври, road trip од 5 дена со уште 1 пар, без деца нормално :D
    Ние ќе одиме во приватен стан, ако сакаш тука можеш да најдиш за периодот кој ти одговара (бараш Vienna нели :) )

    http://www.wimdu.com

    Ние сакавме со кола, иако има ефтини летови, пошто освен Виена, сакаме да ја посетиме и Братислава, а и Пандорф, планиран шопинг :lol:
    Види ги дистриктите, и барајте смештај околу 1, т.е. Центарот :)

    [​IMG]
     
  3. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    ВИЕНА

    за Виена имам многу да кажувам бидејќи бев таму подолго време и сама организирав се. веројатно најефтина варијанта би ти била доколку побараш на интернет хостели. или сепак да се консултираш со некој близок ( ако имаш) што работи во туристичка агенција па да ти каже со кои хостели соработуваат и таму да побараш. во секој случај Виена е поделена на Bizirkе со тоа што колку си подалеку од првиот Bizirk (центарот) толку поефтин смештај можеш да најдеш. моја препорака е да се движиш во првите десет оти се околу центарот (види на гугл Wiener Gemeindebezirke). јавниот градски превоз е супер, секогаш точен, чист... имаш трамвај, подземна железница и автобуси..за туристичка обиколка земи го трамвајот со број 1 - тој минува низ сите знаменитости во центарот така што можеш да се симнуваш на секоја станица и да правиш слики :) а картата чини околу 1,20 за едно возење со тоа што трае околу 3 часа.

    мои препораки за посета се:
    дворецот Белведере - има изложба на слики постојано доколку си љубител на уметност
    дворецот Schönbrunn (http://www.schoenbrunn.at/en/) - таму има многуголема и убава зоолошка, градина со лавиринти од жива ограда, а влези и внатрре во замокот.
    (овие два не се во центарот ама лесно ќе се снајдеш)
    во самиот центар :
    катедралата на св. стефан - Stefans Dom
    дворецот Hofburg ( таму има куќа на пеперутки каде што ако влезеш секакви пеперутки летаат околу тебе)
    оди и во Дамел во непосредна близина на хофбург - првиот кафич во Виена каде што се прави оригиналната Захер торта по таен рецепт (има анегдота зза тоа ама да не тупам)
    Хундертвассерхаус (ова на латиница само) - не е во центар ама исто се оди со трамвај 1
    забавниот парк Пратер , операта, парламентот , собранието , п риродно-научниот музеј, за шопинг веднаш зад него се наоѓа Maria-Hilferstrasse една долга улица со продавници еден тон па и на попуст плус ако фатиш, а нон стоп има и не знам што друго .... и градскиот парк дефинитивно :rock:
     
    На mims-89, ph.orhideja, sanjalica и 2 други им се допаѓа ова.
  4. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    ВИЕНА

    Јас имам друго прашање, од каде овие евтини летови за Виена? Запознаен е некој? :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Имам поминато само десет дождливи часа во далечната 2007-ма :D
    Оставени на милост и немилост на времето, сами, без водич, чиниш тетката на мајка ми живее тука, па секое лето доаѓаме на одмор и го знам градот.
    Се‘ што видов беа неколку отпечатоци од дланки и стапала и единствен заклучок за градот ми е дека има многу Срби таму. Дури и келнерот што не‘ служеше беше Србин и баш беше фино да се чуе нешто балканско после толку време лутање низ Европа.

    Знам дека е преубав град и знам дека тие десет часа можевме доста да видиме.... али тоа е.
    Во сеќавање ми остана само Вест Баноф станицата.
    [​IMG]
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Во Виена поминав кратки и незадоволителни осум часа во кои триесет минути го чекав школскиот да си извади цигари од еден заебан автомат. :rofl:
    Интересен град, иако премалку видов.
    Единствено ми здосадија оние шетања низ замоци по извесно време.
    И има многу срби.
    И не носеа у еден луна парк полн со различни чудни справи од кои сите повраќаа после тоа. :rofl:
     
  7. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Јас како мала живеев во Виена. Мајка ми работеше во амбасада. Убав град е, ама јас си сакав во Скопје.
    Инере штад (1 бецирк) е многу скап, таму одат богаташи. Ние живеевме на 10 мин. од центарот, па затоа би ти го пепорачала потелот Хилтон или Де Франс. Преку Флу Ники има ефтини летови, ама преку Софија.
    Места кој мора да се замоците, музеите и пристата работи. Од Белведере и Шенбрун се се воодушевувај, бидејќи се многу послаби од Топкапи (Истанбул) и Версај (Париз). Ако треба помош слободно пиши ми порака или на темава Виена! :)
     
  8. Bella2

    Bella2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    6
    Јас бев во септемри 5 дена но со кола патувавме околу 11 ипол саати ако не и 10 ама со побрзо возенје Инаку град како град немам зборови прекрасен е :l: :l:
     
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Јас бев сега скоро,на три пати ,не за шетање,од друга природа беше мојата посета,но имаше време и да се види нешто.Чисто да се релаксирам од некои обврски.
    Во замоците Шонбрун и Белведере не отидов,тоа го оставив за некоја друга прилика,да истерам и концерт,но затоа видов некои места кои ми оставија убав впечаток.Операта,парламентот,Св.Стефан катедралата,Пратер,Марија-Хилфер улицата,Захер хотелот,каде јадев торта и кафе(виена меланж) во ресторан во типичен австроунгарски стил.Имав можност да прошетам по повеќе дистрикти(таква беше и работата).
    Најголем впечаток ми остави тишината во оваа метропола.Толку е тивка,што можеш на моменти и да ја опипаш.После 8 саат нема луѓе по улиците,а во текот на денот,нема бука,карактеристична за запад.
    Ќе видиш еден куп луѓе како опуштено си седат,пијат кафе со парче торта и опуштено и тивко разговараат.
    Јавниот превоз е предобар,точен во секунда.Балканци има многу.

    За ефтини летови и јас незнам,ние одевме директно Ск-Виена,а има можност и со ЈАТ преку Белград.
     
  10. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    И јас сум го посетила, еден цеел ден :D
    Немам зборови, градот е ПРЕКРАСЕН, и неможе за жал цел да се прошета во еден ден, не сакав да си одам, пребрзо ми помина денот ама така иде тоа.. Прилично е скап, бар во некои продавници што влеговме беше доста скапичко.
    Луѓе секакви.
    Срби (и воопшто балканци) има навистина многу. :)
    Уф како би го посетила пак.
     
  11. arwen

    arwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Какви се тие ефтини летови за ВИена?????
     
  12. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    може ли да ми каже некој каде можам да најдам евтини летови за виена?
     
  13. Lavica01

    Lavica01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Дали некој до сеа нашол евтини летови за Виенаа??
     
  14. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    На wizzair нема, еве сега гледав :)
     
  15. Lavica01

    Lavica01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Се мислев за Austrian airlines но таму незнам да напраам и неможам да видам пресметка колку би ме чинело карта...:/
     
  16. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Никогаш не сум била во Виена, а многу сакам да ја видам. Сега имам можност да отидам само на 2-3 саати, бидејќи ќе летам преку виенскиот аеродром, а имам 6 часа меѓу летовите. Сакам да отидам до центарот, колку да го почувствувам градот и да го видам строгиот центар, па да одлучам кога да го ставам на агенда :D

    Што би ми препорачале за прошетка од од 2-3 часа? И најважно од се, каде да пијам кафе и да јадам захер торта? :D
     
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    2-3 саати се доволни за прошетка низ првата зона на Виена, околу катедралата - тука е и Операта, Кертнер улицата, градското собрание, стари згради и многу кафе-а. Едно јако темпо овозможува да се осето шмекот на градот (иако секако за разглед е потребно многу повеќе од 2-3 саата).
    Захер торта не би препорачала да јадеш во Захер хотелот, бидејќи скоро секогаш има редица, па и онака краткото време ќе ти се скрати уште повеќе. Странично во истиот блок има Моцарт кафе каде нема да чекаш премногу, ама ако наидеш на Демел слаткарницата мислам дека ќе ги добиеш најубавите слатки во Виена :)
    [​IMG]

    Добар провод ;)
     
    На sim0na, Hipica и Ariel им се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.788
    Допаѓања:
    131.404
    Ми излегоа ефективни 4 часа во Виена, затоа што одев со брзиот воз, а земав и дневна карта за јавен превоз, па успеав да извлечам максимум од времето на располагање :D

    Убав град, нема збор. Наликува на некои други европски градови, со таа разлика што тука лесно се забележува дека стварно имале мноооогу многу пари и се разбира, немале земјотрес :D
    Стари градби, одржувани, раскош на сите страни.

    Ми се допадна центарот, многу беше живо, многу народ по улиците и полни кафулиња. Тоа е се што ми треба од еден град, да видам како живее и дали знае да ужива.

    Ги видов и хотелот Захер и Моцарт кафе, ама не седнав. Во Захер имаше редица, баш како што претпостави Дарси, а во Моцарт не можев да си најдам маса што ми се допаѓа, на една само што не седнав, кога свртев глава и спроти Моцарт кафе - Албертина... а таму изложба од Моне до Пикасо. Не се разбирам нешто многу во уметност, ама има нешто чудно и многу моќно што Моне успева да го предизвика во мене. Некако успевам да ги доживеам сликите како реалност, да се соживеам со нив, и кога ќе застанам пред некоја негова слика очи ми се насолзуваат. Во 1000 слики би можела да препознаам негова. Муабетот ми беше дека Захер тортата ја заменив со посета на изложба, ама тоа дефинитивно ми беше врв во посетата на Виена.

    Ми се допаднаа Парламентот и Советот, особено Советот. Ова се згради кои ги барам во секој град, ми служат како некаков индикатор за тоа колку ја бива земјата. Сериозна земја има убав парламент и убав совет (или како и да се вика Ратхаус).

    Демел има и на аеродром, ама некако не е мој стил - многу е отмено, јас сакам едноставни места. Затоа решив да не ја искористам и последната можност да јадам добра Захер торта :D
     
    На Smilly, ozbilnazena, Hipica и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    ^ Ариел ти завидувам. Желба ми е за Нова Година да ја посетам Виена. Сега кога ти го прочитав мислењето уште толку сакам да појдам и да јадам Моцарт чоколади.