Feodora обавезно да пробаш Моцарт куглици, ако одиш И јас не пробав Захер торта, ама затоа пак си земав цело кесе од куглициве
^ Нати имам пробано. Лани дечко ми ми донесе. Имам појдено и во Виена ама пред 4 години кога не носеа на екскурзија ама заглавив во еден тоалет гужва преголема беше и ништо не видов од градот освен преку прозорците од автобусот. Затоа сакам пак да појдам, оти исто како да не сум била. Туку сакав да ве прашам за еден ресторан во Виена што е ама како кула бил и се вртел во круг?? Цените какви се таму ако знае некоја и дали е убаво...Мислам дека ресторанот бил цел со стакло и се гледала цела Виена.
Виена е прекрасна. Ние бевме пред две години за Нова година таму. И зимно време е преубаво, украсено со големи црвени лампиони во центарот преубава несекојдневна глетка. Се изнашетавме. Најмногу ми остави впечаток St. Stephens Cathedral ПРЕУБАВА катедрала. Застанав и некои добри 2-3 минути ѕверев во катедралата. Имаше во центарот продавница со чоколада. Пред продавницата беше направен Моцарт од картон (така нешто беше) и баш се сеќавам се зезавме со брат ми дека тој висок два метра и вика дај да застанам сликај ме со кускуле Кога би бирала кај да одам пак би одбрала таму да прошетам некои убави 5-6 дена.
Знам дека во Братислава има ваков ресторан, а во Виена немам слушнато да има. Ниту пак видов кога бев
Во Виена бев пред три години за Велигден и поминав преубави 4 дена. Градот според мене е еден од најубавите европски градови .Катедралата,плоштадот,операта,моцартовите кугли...се беше преубаво .Ако имам шанса повторно би одела.
Има да. Danube Tower and Restaurant. Убаво е многу, само се наоѓа подалеку од центарот на Виена и мене на моменти ми беше непријатно, зашто имам страв од висина. Инаку атракција е во Виена и убаво е да се посети.
Не сум бил,но тие што биле ми кажале дека е многу чист и убав град ,и ако некогаш ми се пружи можност да отидам би отишол ич нема да му ја мислам.
Ние бевме со пријатели пред 2 години и навистина е многу убав град! Бевме во Шенбрун и зоолошката, Пратер(се качив на триста работи ), Белведере и др. Е ние бевме во лето, ама и јас би сакала да одам еднаш за Нова година! Инаку еве слики како е за Нова година украсено : Спојлер Човекот каде што бевме сместени ни испораскажа за се живо и диво и од таму сега знам! Ова е улицата Kohlmarkt, каде што се тие Шанел, Гучи, Прада, Луј Витон и сите останати! Ова е општината Rathaus и после Нова година цел паркт го затварале и правеле лижгалиште! Ова е во строг центар и е улицата Graben. Сите што биле поминале од тука. Тука е и Julius Meinl Caffe. Инаку улицава ја украсуваат со вакви лустери какви што има внатре во зимската палата(Hofburg), таму акде што се одржуваат пола и повеќе балови. И еве го пак Rathaus, ама ова не е после Нова година, туку пред Божиќ и уствари градат куќарќи и настанува божиќен панаѓур. Можеш и да си изнајмиш и да си продаваш играчки, слатки, вафли и пунџ да правиш. Пред Шенбрун исто има панаѓур. И пред Белведере има! Поздрав!
Преубав град,прва можност да ми се пружи веднаш одам.Имам и роднини таму,па не би требало да се загубам
Преубав град, спремете си повеќе парички и обавезно прошетајте по музеиит Албертина и Белведере сигурно ќе има некоја интересна поставка на уметнички слики. Јас кога бев имаше на Пикасo. Не губете време по шопинг, многу е скапо, а има толку други убави работи да се видат. Јас гледав мјузикл tanz der vampire во еден од нивните театри и ептен е дешавка, нешто поинаквo, кај нас не знам дали прават или јас можеби не сум гледала, па ми беше ептен интересно.
Храната е прилично скапа, зборувам за по ресторани, во прадавниците за храна нормални се цените како и во останатите европски градови, а за приватен смештај за краток престој јас не сум слушнала. Единствено што знам се Хостели тие се поефтини, а прилично добро изгледаат, имаш доручек секако. Хотелите барем во јас тие што сум престојувала во Центарот се изгор скапи. Од 100 евра па нагоре
Сум била и воодушевена сум од тоа колку е чисто , убаво , префинето , пријатно за око . Имав чувство дека и обичните куќи во Виена наликуваат на аристократски , се ми беше толку грациозно што знам дека некогаш пак морам да одам Посебно ме фасцинираше колку луѓето спортуваат и млади но и значително постари кај нас што би се ставиле во категоријата баби и дедовци Ама таму да ти е мерак да излезеш да трчаш , да си прошеташ или вежбаш во парк , беспрекорно зелена трева , ниту пикавец , ниту хартивче на земја ... А какви чоколади има и општо храната , барем таму каде што имав прилика да јадам . Ах носталгија ме фати
Прекрасно нешто особено за зимските празници. Вреди да се посети.Имам роднини таму и тоа многу блиски,па затоа би сакала сега за Божиќниве Празници да одам да ја видам Виена.
Еве баш сега читам дека викендов ќе почнат да ги поставуваат првите Christkindlmärkt (новогодишни панаѓури). Тезги со новогодишни украси, разни колачиња, прасенца од марципан (за среќа и просперитет). Прекрасно уредени излози,улични перформанси, улично осветлување. Ја обожавам Виена за време на новогодишните празници Еве фотографии кои ја отсликуваат атмосферата https://www.facebook.com/media/set/?set ... 196&type=1
Цела недела на радио само ова го слушам, дека викендов ќе ги отвараат. Според мене е претеризам, сеуште не е крај на ноември, а они ќе отвараат. Хелоубин не беше поминат, они веќе лампиони продаваа. Ќе ставам слики во темава кога ќе ги стават украсите по улиц и панаѓурите кога ќе ги отворат.