Глумев во една драмска секција во 5то одд која се одржа во домот на културата во Штип и таму исто така се оди на вежбање за глумење.Но само еднаш глумев и од тогаш не отидов повеке зошто кога излегов на сцената пред 100 луге кои сите гледаа во мене беше уоу и одеднаш добиеш трема па не е лесно толку колку што изгледа кога ние сме дел од публиката.
Ниту сега во средно, а и претходно во основно немаше претстави во овие две училишта. Единствено на јубилејот имаше, ама секако тогаш глумци беа оние, милениците. Во таа претстава не знам дали може да се каже дека глумев. Работевме со Зоја, верувам македонска режисерка беше. Се спремавме неколку месеци, и на крајот излезе се фантастично. Го обработувавме зборникот на Миладиновци. Прекрасно...јас не добив шанса да глумам, бев во хорот кој ја придружуваше секоја сцена, апсолутно секоја. Кој напор.. Како и да е, кога бев малечка одев на часови по глума, не знам ни сама зошто. Многумина ми кажале дека знам да глумам, но некако не ме влече тоа многу многу. Ниту гледам филмови ниту пак би глумела во нешто. Додека театарот за мене е една голема љубов, се додека не сум на сцена.
можам да глумам пред мала група луѓе, пријатели и некои не толку драги , мама, тато но на сцена...се блокирам...едноставно неможам да функционирам ни со глума ни со свирење пред голема група луѓе. тој срам ме спречи од запишување во драмска секција.
Бев член на драмска секција во основно, глумев во секоја можна претстава која се спремаше за патрониот празник. Немам ни малку трема од мн луѓе. На патронатот имаше премн луѓе и искачав на бина без проблем. Најчесто глумев во средно. Кога се испрашуваше, така знаев да се извлечам, се тоа благодарение на мојата способност за глума. Ме научија професорките во средно, една одвратна ми викаше стално, глумице па кај си ти, денес спремна си да одговараш? И јас да. Она ми викаше епа не те прашувам сега ке гледам да те фатам неспремна Инаку сакам да се зачленам во некоја драмска секција, ако некој знае каде има, нека пише. Ке му бидам благодарна!
Драма Да учествував, прекрасно искуство беше. Во средно редовно организиравме драми, професорката беше ептен некоја драма фрик, не тераше да ги изведуваме, посветувавме часови на тоа. Го глумев Тартиф (колку злобно) Супер одглумив и се снајдов во улогата Подготвувавме се, од сценографија во училницата, костимографија, шминка, се комплет, не посетуваа и гости од други те професори Еден другар е доста талентиран и креативен за овие работи, па сам создаде една драма, направи комична пародија од „Македонска крвава свадба„ направивме прекрасна изведба пред цело училиште, сите од класот учествуваа на некој начин, овој пат бев задолжена за сценографија и продажбата на билетите. Да, направиме и билети, кои чинеа 50 ден. со цел да му помогнеме на еден соученик, тоа ни се поклопи за драмата која ја изведовме да биде од хуманитарен карактер. Дури и на ѕвон не имаше
Драма Во прво одд. ја глумев Вештерката од Снежана и седумте џуџулиња. Велика во Бегалка. Мојата најомилена улога е Фема во Покондирена тиква. Во основно спремавме повеќе драмски претстави, отколку во средно. Сум играла и машки ликови, воопшто не ми пречеше, ја обожавав драмската секција и имав доста пофалби. Негативните ликови си ги присвојувам , ко мои .
Најдобриот глумец е оној кој не познаваат дека глуми Инаку јас сум инзвонредна глумица. Во секавка ситуација можам да се снајдам, можам да глумам дека сум некоја сосема друга личност... Немам воопшто срам. Сум глумела уште како мала по разни претстави. Првата ми беше на 4 години во новогодишна претстава пред сосема непознати луѓе. Супер пројдов. Од тогаш сум била во некои реклами, претстави... А и во серии и филмчиња сум добила некои улоги ама македонски Мнооооогу сакам да глумам, премногу
Навистина имам талент за глума..но не обраќам многу внимание на тоа..бидејќи си имам други цели во својот живот
Така во секојдневието сум се снаогјала во секакви ситуации дури едно време сум се чудела самата на себе како сум успевала да се спасам во ситуација и да ја извртам секогас во моја полза,но тоа би го нарекла снаоганје а не глума иако цел зивот и во средно и претходно и во љубовта и во пријателството сум ги придобивала лугјето на некој посебен начин сто и кога сум згресила несто да немозат да ми се налутат или во врска дечкото да го убедам дека тој е виновникот иако знаеме дека не е,класната се лисицо ми викасе.Сепак за глума не верувам дека би мозела па и пред толпа лугје,хмм не ги сакам многу правилата и нормите па кога треба несто да го направам да го изведам а да морам да памтам сто и како да глумам никако,ја дури и во прво одд кога требасе стихотворби да учеме јас не ги казував како сите нормални деца,јас си додавав нови стихови и ги пеев така со емоции умислена имасе една вака Оо татковино мила,ке те чуваме со сета сила.... а јас ја пеев Ооооо таткооовиноо (пауза) ке те чувам засекогас оти си многу мила не бе не ме биваа
Отсекогаш сум сакала да глумам . кога сум била мала само драми сум правела Но сега желбата ми се растури .
Имам огромна желба некаде да се пробам ама не знам колку ќе ме бива,немам самодоверба а може имам некој талент! Се надевам ќе имам прилика,мислам дека би ме бивало за некој мјузикл или пак за некоја смешна улога!
Абе како не сте глумеле сите глумиме ... Цел живот А сега сериозно да сум глумела во училишни претстави ... Чорбаџи Теодос е мојот врв беше интересно , професорката беше пријатно изненадена овие школските вакви . Зошто за разлика од другите јас не се срамев не знам што ми бидна се соживеав со улогата , во улогата . На крај аплауз а јас се осеќав ко да примам оскар Да ми се укаже прилика . би глумела повторно ... Само што професијата која ја одбрав е многу далеку од актерство . Сакав да се запишам за да би го истерала и тој ќејф , имав и подршка од мама ама сепак се работи за мојата иднина , гледав кеш каде има ... Во некој друг живот сигурно
Јас сум родена глумица, мислам во скоро секоја животна ситуација А вака за да излезам на сцена или да се занимавам со тоа што знам , во театар сепак не би можела мислам, ама да ме викне некој да снимам филм Спојлер од кога го напишав ова се почувствував ко да имам 10 години би отишла!
Јас немам некоја си посебна желба да глумам, али имам другарка од клас многу добро знае да глуми, идела и на кастинзи.. и и се дивам навистина
Се заинтересирав за глумата пред 2 години и многу би сакала да се бавам со тоа ама за жал во нашата земја тоа тешко.. иако повеќе би сакала во некоја серија или филм отколку театар. До сега само еднаш сум била статист во еден наш филм. Ама бидејќи мн ме влече таа насока почнав да си мислам да одам да учам во америка и воедно да одам на кастинзи.. знам дека шансите за тоа се многу мали затоа што тие што решиле да се бават со глума одат по такви училишта или пак се школувани дома за да стигнат на аудициите, така да и тоа пропаѓа во вода сепак за да се добие некоја мала улога шансите се многу мали (заради големата конкуренција) но дали вреди да се откажеш од све за да го продолжиш сонот кон глумењето? Ако не успееш во тоа? Што потоа?
Не сум глумела во ништо професионално затоашто кога ме фаќа трема незнам а да казам инаку ме бива во глумење по дома
Имам глумено во повеќе претстави, и многу ми се допадна глумењето. Навистина ја засакав сцената, штиците кои живот значат и нормално аплаузот од публиката. Некои повеќе го сакаат глумењето на филм, ама според мене филмот е уметност на режисерот, а додека за глумецот - театарот е вистинското. Би сакала во иднина да се занимавам со глумата и професионално, ама сепак засега тоа ми е само желба, а не финална одлука, бидејќи во Македонија актерството не е професија која гарантира сигурна иднина.
Јас си немам врска од глумење, а и срам ќе ми биде на сцена да глумам пред сите . Имам другарка која идеше на глума во пионерски дома ама нема таму повеќе колку што знам.