Отсекогаш сум сакала да глумам и мислам дека имам талент за тоа .Не,озбилно многу пати ќе изглумам цела сцена пред моите и откако поверуваат им признавам.Но за жал нема никогаш да ми се оствари оваа желба затоа што мислам дека ако застанам пред многу луѓе да глумам ќе се здрвам .
Желба за глумење имам и тоа преголема.Но имам среќа што и таа желба ми е исполента Во основно имам глумено во многу училишни представи,и сум имала убави улоги.А имам глумено и уште глумам во аматерскиот театар во нашиот град.Ја имам глумено Цвета од Македонска Крвава свдба,сега ќе глумам една девојка по име Ана,имам глумено и една многу интересна улога но нема да е кажам,зошто ако е кажам ќе ме разоткријат која сум Планирам да го правам ова се додека можам,а дај боже некогаш и професионално.Иначе почнав сосема спонтано,талентот за глумење го имав уште од многу мала,па така еднаш режисерот бил кај мајка ми наработа па она му кажала за мене.Појдов,пробав прочитав,и останав да глумам
Како мала имав желба,имам и сега,ама..веројатно не доволно за да си ја исполнам. Имав и прилики порано,бидејќи и мајка ми и татко ми се занимаваа на времето со тоа,не професионално,ама, сепак..имаат искуство.Ете ја имам наследено таа љубов за глума. Ама имав и едно нешто што се вика Трема,кое никако не можев да го совладам и да пробам како е да се глуми. Сега веќе и немам прилика. Како и да е, сите си имаме неостварени желби.
оскар ке ми дадат кај и да е,поголема глумица од мене не постои имам голема желба за глума(сериозна сум) и сум размислувала да почнам да се занимавам и со ова..но со тек на време и тоа ке дојде на листата
Јас сум глумела од прво до четврто одделение на приредби И оваа година од црвениот крст правевме хуманитарна претстава и таму глумев.. иначе ми се допаѓа глумата... и сакам да глумам
Имам глумено како статист во неколку детски серии али тоа беше пред 10 години. Инаку многу сакам да глумам али тоа е кога немаш каде и ако имаш други обврски
Немам глумено во ниедна претстава...требаше минатата година да глумам во една која беше организирана од школото,но многу ме фаќаше смеа и се откажав Мислам дека не ме бива за глумење,бидејќи многу ме фаќа смеа,неможам да се совземам
Порано во основно па и во средно многу сакав да глумам, ама реално немав услови а и не се ни потрудив да си ги создадам. Само еднаш имав мала шанса која ми ја ускратија. Бев во основно кога требаше да глумам во една претстава на школо, но требаше да изберат помеѓу мене и ќерката на професорката по македонски јазик. Може да претпоставите кој беше избран. Така и заврши мојата „кариера“. Подоцна воопшто не се ни пријавував. Искрено девојката беше анти талент за глума, ама нема врска ја избраа и тоа е тоа. Се нервирав недела дена и после се помирив со ситуацијава. Да не заборавам претходно пред „конечниот избор“ професорката ме избра мене, го научив текстот, не да се фалам ама стварно супер извежбано ми беше, требаше да бидам јас се дур драгата ќерка не посака таа да го стори тоа. Не викна и двете демек за проба за да избере и се разбира си ја избра својата ќерка.
Није да се хвалим ,ама си го имам талентот Имам глумено во многу училишни претстави , мака си немам. Ми текнува еднаш ,глумев со еден школски другар во комична драма за библиотекар ,на газ падна публиката од смеење ,како сме се соживеале и двајцата Една од многуте желби ми е Холивуд ,ама ваљда само ќе го сонувам со оваа амбиција.
Ова ми беше голема желба а и ме биваше Во основно и средно,во секции по англиски сами си пишувавме некои англиски драмички,наше сценарио,во кои главната улога бев јас Двапати имам глумено и во претстава по повод патрониот празник на училиштето,ама тоа во основно. Мислам дека ме бидува за ова,и не би одбила некоја улога
Имам желба да глумам и имам глумено во некои училишни претстави. Имам добивано кокплименти дека добро глумам хахаха но сепак глумата му ја препуштам на професионалците јас до фармацијата си се држам
Драма Не сум глумела во многу драми.Само во основно неколку пати.Инаку имам голема желба.Обично мене ме поставуваат за водител-ка.Ако ми се укаже прилика ќе ја искористам без размискување.Ја сакам драмата во секоја смисла.
Драма Во основно имавме задача да глумиме сите по еден дел од драмите кои ги обработувавме. Обично беше по еден чин. Ми беше интересно додека вежбавме и се подготвувавме но глумењето мислам дека не излезе баш најдобро бидејќи повеќето од децата што тогаш учествувавме не бевме слободни и имавме трема... Се можеше да излезе многу подобро...
Глумев пред неколку месеци во кино салата глумев болно детенце абе се растопив среќа што имам долга коса па не ми се гледаше многу црвеното лице и како да е малку што се срамев го погрешив текстот Нaместо да речам со пари неможеш да купиш здравје и среќа да реков со пари неможеш да купиш пари и вреќа оо среќа Абе бруку Више на сцена НЕМА ШАНСИ