Го имам наследено овој талент од мајка ми, таа секогаш ми велеше дека глумењето е многу убава работа и дека јас имам потенцијал да станам актерка. До ден денес ми го вели истото и желба и е да се запишам на факултет за драмски уметности, ама мене тоа сега за сега не ми е некоја голема желба иако многу ме исполнува. Сум била дел од повеќе помали претстави што се одржувале и пред поголема и пред помала публика од сите возрасти. Првата поголема и посериозна улога ја имав лани ова време, кога имав претстава против дискриминација во МКЦ. Беше успешна и ко за прва посериозна претстава немав воопшто трема, туку напротив се чувствував многу опуштено. А чувството додека стоиш на вистинска сцена пред публика e прекрасно. Последна претстава што ја имав беше вчера во една скопска градинка, пред деца на возраст меѓу 3 и 5 години. И искрено поголема трема имав пред тие мали суштества, отколку пред возрасна публика и публика на (приближно) моја возраст. Дел сум од драмската секција во моето училиште и се надевам дека ќе бидам дел од уште многу претстави, а желба ми е некој ден да имам улога во некој филм/серија, макар била и мала улога.
Имам преголема љубов кон глумењето и дел сум од драмската секција во моето училиште.Ме бива,и мислам дека професионално ќе се занимавам со ова.Имам глумено на многу училишни драми,и сега спремам една.И јас имам трема секако,ама знам да ја контролирам,и се концентрирам само на глумата...како да глумам сама,не пред 100 луѓе.
неголема но на секој патроонат гумам или главна или споредна улога...почнав од 4 кога наставничката на час и се допагна како глумам и ме уклучи во драмската прецтава и од тогаш или главна или споредна улога сум на се во школо што има свечености али не сакам многу да бидам глумица....
Од секогаш сум била у драмските секции, периодов троа послабо активни што дури и ми фали сето тоа дружење додека спремаме претстава енд шит.
Во скопје,4то одделение бев,не памтам што бев ама бидејќи глумев на француски јазик ми беше претешко а и освоивме прво место!
имам многу големА желба за глумење. сум глумела како помала и успешно ми одело. сакав да се запишам на глума после средно но ми имаа кажувано дека има ептен тесна конкуренција и повеке се влегувало со врски а и со глумењето ми се намалува срамежливоста а сеуште си глумам дома пред мама, а пред тато не глумам
Имам многу голема љубов кон глумењето.Имам многу пати глумено во школки претстави,многу ме бидува да глумам.
Имам отворено слична тема која допира повеќе прашања и се вика аматерски театар, за жал ретко кој ја отворил или се интересира за иднината на оваа професија во нашата земја. Кој што сака нека зборува - ова е најтешка професија од сите бидејќи има најголема конкуренција, многу таленти, толку малку работа, мала заработка и покрај се - многу за учење. Глумам, и уживам во глумењето. Морам да се самоцитирам за да објаснам штo точно чувствувам кога глумам Имам глумено во безброј аматерски претстави, краток филм, имам преведувано и прилагодувано претстава, како и режирано. Дали сум добра актерка или не - не знам. Не можам сама да се фалам или да се потпрам на мислење на поединци, како членови од мојата фамилија и блиски пријатели. Можам само да кажам дека сакам професионално да се занимавам со актерство иако можеби тоа никогаш нема да се случи. Актерите колку што се родени - толку и се направени. Има милион техники, работи кои треба да се запомнат, треба да се проникнува во суштината на секој лик, да се чувствуваат емоции кои не се лично наши. Има многу повеќе отколку едно обично излегување на сцена и кажување на текст. Има уметност во паузите, подголтнувањето, во секој чекор, во звукот на чевлите врз штиците... Театарот е живот. Актерството е проклето тешко. Го обожавам.
Професионално глимење, јок! А за хорори аматер сум. - Летово сите братучеди се собравме, т.е бевме на седенка кај баба ми, и глумевме филм (хорор). Јас бев у главни улоги. Кога се гледав на снимката, како да не сум јас, дури ми беше страв да се гледам. Имам глумено и во театарски представи, ама голем дел од нив беа премногу кратки. Знам понекогаш да се изнасмеам и кога треба и кога не треба.. Инаку имам голема желба за глумење.
последно глумев,мислам дека беше во 4-то одд....баш ме бива (не дека се фалам)... само единствен проблем ми е што веднаш поцрвенувам и секогаш со трема глумам.... но тоа што го "изведувам" секогаш е на high level...
обожавам да глумам, а и ме бива запишана сум и на драмска секција, а и уште сега се размислувам за драмски факс. ама што знам....
Порано како помала имам глумено во школо Сега сакав да одам на Второ Полувреме филмот, ама во Скопје беше.. А немав време да одам до таму Не успеав, ама би сакала некогаш да глумам
Ме бива за глумење.. Имам глумено во разни драмски секции,на телевизија,во театар и слично..Ама сево ова преку училиште