Немам глумено досега никаде,мислам дека можам да глумам,но не толку добро,нели,а не би глумела поради тоа што сум срамежлива и текст ќе заборавам и ќе се обрукам. :/
Како мала често глумев во некои училишни претстави, потоа некогаш и во средно. Е сега и по дома им глумам неркогаш, и на друштвото исто абе имам огроомен талент за глума само штета е што не си сватив за озбилно и не се посветив на тоа поле јбг
Многу ја сакам глумата.. Ухх :") Имам глумено во 1 претстава во прво, а и немам многу трема кога настапувам пред повеќе луѓе... Кога имав 7 години учествував со балетска претстава во домот на културата пред цела сала Исто така, на 20 годишницата од постоењето на нашето училиште играв, глумев на сцена со "Паркети" Моментално, со другарките пишуваме драма, историска, која со помош на наставникот по историја ќе ја изведеме за 1-2 месеци А за понатаму, во средно планирам да се запишам на драмска секција...А за на факултет, сакам драмски, но сакам и некои други, па ќе видиме, има време :3 Да не знае некој во Битола дали има нешто како младински актив како се вика тоа, курсеви по глуми или како било?
Од секогаш сум сакал да глумам, по природа сум многу срамежлива ама штом излезам на сцена се тоа поминува. Имам глумено во средно во претстава што јас ја напишав и иам статирано во еден македонски филм. Сепак запишав факултет сосема различен правец но глумата секогаш ке ми биде прва љубов
Ептен вешто знам да глумам пред мама и тато Секако кога морам.Инаку не сум глумела во некоја претстава,се надевам дека би имала прилика бидејќи навистина глумата ме привлекува.Ми имаат кажано дека сум била како актерка
Онака по дома имам пробано да глумам, кога си играм со некое помало детенце и се обидуваме да смислиме некоја сцена, нешто така, и не можам, а да не се насмеам. Понекогаш и глумам дека ме боли нешто, за тоа ме бива .
Имам глумено во представа кога бев година пред да почнам во школо. Потоа глумев во петто одд. во драмски се одржуваше претставата, па во училишниот двор на Невена Ѓорѓиева Дуња и изгледа во деветто ќе имаме пак претстава. Ме бива за глумење. Често им правам збунки дома . Многу лесно глумам дека ми е лошо, еднаш глумев дома и само наеднаш трас на земја, кога ќе ми текне на фаците хахахаха. И во школо ако не ми се седи ќе и изглумам нешто на класнта и ајт дома
Golema rabota e da glumis, da si akter.I jas kako mala znaev da odglumam pred moite doma i na uciliste i si velev deka sum rodena akterka, no koga se pojaviv pred kameri svativ deka ne e voopsto lesno i bara golema odgovornost i posvetenost da se protolkuva dadenata ulogaa.
^Ако ова се однесуваше на мене, фала. Според тоа што си го напишала ние треба цело одд.да бидеме врвни актери зошто глумиме пред класната и пред наставници. Мислиш дека јас не знам како иде тоа. Не ми е до фалењето ама сум глумела пред камера многу пати. На една емисија на друга, во театар со полно луѓе, ваму таму. Глумата не е за секој, треба талент и труд и јас самата знам како е, таа напнатост, возбуда, лефлекторите во студиото те потат, после секоја проба/снимање те боли глава. Ее колку проби имав пред претставата. А и јас не велам дека сум врвна актерка, за тоа е потребно школ и време!
Родена глумица сум јас, од секогаш ме бивало и на мала возраст и сега, само штета што не го сватив тоа сериозно и не ми биле наклонети до крај ѕвездите
Имaм дaрбa зa тoa, имaм глуменo и вo две претстaви дo сегa. Знaм дa си пoдглумнaм и секoјдневнo пo мaлце, кaкo хoби ми стaнa веќе Нo не ми е дрaмски вo плaн зoштo мнoгу тешкo примaaт, a сметaм декa имa мнoгу пoдoбри oд мене. Ќе се трудaм дa се прoнaјдaм вo некoјa другa прoфесијa дoдекa сеуште имaм време..
Имам глумено на сцена, драма чорбаџи теодос мајката на стојанка глумев во домот на култураа Марко Цепенков прилично голема сала имав страв страм, ама помина исто ака имам глумено во една приказна Риби од нива таму бев цвета тогаш ми беше прв пат 14 год имав, јас мисалм дека имам дарба али такви се можностие во ова држава нема голема заработка во оваа работа овде, а глумењето ми лежи на срце од секогаш сум сакала
Јaс oд кaкo тргнaв нa училиште пa дo среднo 2гoдинa имaм игрaнo вo мнoгу претстaви. Секoјa гoдинa бaрем пo еднa, штo вo шкoлo, штo нaдвoр, невлaдини oргaнизaции, мулти култи... Вo 3 гoдинa се фaтив сo мм, тoј е aктер. И сфaтив кoлку уствaри не знaм дa глумaм. Тoлку дa е слoженo, дa се спремиш темелнo, дa рaзвиеш прикaзнa зaд ликoт, дa oдлучиш кaкoв ќе биде и дa се сoживееш сo негo. Не сaмo дa нaучиш текст пa aкo пишувa ( јa стaвa рaкaтa вo џеб и се врти нa левo)и мoрa тaкa дa се нaпрaви. Чудo е, знaм еднaш мaж ми мнoгу кaшлaше, aмa мoрaше дa oди нa рaбoтa имaше премиерa. Ни еднaш вo тек нa 2чaсa не се нaкaшклa дoдекa беше нa сценa. Еден пa кoлегa негoв умре мaјкa му a зa пoлa сaт имaше претстaвa, кaрти рaспрoдaдени...чoвекoт oтиде, изигрa претстaвa кaкo ништo. И сегa штo знaм, дoмa читaм текстoви кoгa му пoмaгaм нa мм. Некoгaш ќе се сoбереме вo друштвo пa им кaжувaм гo имитирaм кaкo глумел, имитирaм некoј друг им прaвaм смешки. Амa тoлку ми е oмрзнaтa тaa сценa пo се штo имaм виденo не сaкaм нoгa дa ми стaпне тaму.
"Целиот свет е сцена, и сите мажи и жени само играчи. И еден човек во своето време игра многу улоги". В.Шекспир Глумам за забава и сакам и да имитирам. Role play такоџе.