- За сечење на леб кашкавал, сирење , салама...... кога јас ќе земам да сечам ги искасапувам цели, а и јас си се искасапувам - Ориентиранонс.....аууу еден ден мислам дека и дома ќе се изгубам. Катастрофа сум. - Правење нокти, изработки, цртање ( посебно животни и луѓе).... Имам 2 леви раце - Пеење - Одбојка , ракомет и пливање Абе јас све антиталенти , а некој талент да се најдеше
едноставно не можам да не расипам нешто. да не искршам,искривам,истурам,штетник[во женски род] сум не виден... и за пеење,ДЕФИНИТИВНО -.-
За пеење обавезно потоа за сечење ако треба рамно ќе го исечам цело потоа за готвење се ќе загорам и има уште многу
*лакирање нокти... (затоа често одам на козметичар) * пишување состав, текст или есеј... најголем антиталент сум за тоа.. * пеење .. (подобро звучи крекањето на жаба отколку моето пеење)
За пеење, значи ако отворам уста на глас да запеам мислам дека за две минути ке се изпразни целата куќа. Ете толку ме бива..
Ако нешто мрзам тоа е пеглање . Порадо 5 саата ќе мијам садови него 2 кошули да си испеглам, ужас тоа пеглањето . Не сум антиталент кога ќе почнам ама додека се наканам векови поминуваат . Инаку чим почне некој да ми збори за математика одма заспивам .
за лажење. незнам зошто но кога лажам или поцрвенувам или реченицата не ја кажувам точна па секогаш ме фаќаат. за учење. за готвење. ама се трудам да станам талент
Возење ролерки. Не можам ни да стојам на тие ѓаволски направи, не па да гi тркалам под мене. Цртање и боење. Оу мај гад, во тој свет сум како маче во вода. Иако додуша кога ќе видам дека нешто вакво Спојлер се продава за милионски суми, тогаш имам потенцијал бе! . Некои уметнички души на форумов може да го сметаат ова за сквернавење и уметничко богохулие од моја страна, али то је
Дефинитивно за цртање.. Мразев ликовно во училиште на професорот на крајот од годината му носев неколку цртежи и ниеден добро завршен.. И пеењето нее далеку.. море си пеам јас иако гласот не ми чини