за уметноста немој така тие што се разбираат може да коментираат инаку јас сум антиталент за пеење :/
Единствено не сакам да пеглам и чим почне некој да ми збори за математика одма заспивам . За се друго е ок .
Како и повеќето гледам.. и јас антиталент за цртање. До основно мајка ми ми се најдуваше во животов, а во средно среќа што професорката беше така заулавена што наоѓаше уметност и во мојот цртеж целиот обоен сино Уште нешто! НЕМОЖАМ да се ориентирам во простор (дали сум тргнала од лево за на десно или обратно, дали тоа што ми требало е на овој или другиот спрат од трговскиот..) - ако се смета за антиталент ххохох
за пеење цел живот ќе жалам што вриштам буквално додека ,,пеам,, ама затоа под туш....Тралалалалалалалалла
Ехее колку имам да редам...намигнување,свиркање,вршење работи по дома,лажење и правење балончиња со мастика
Пеење веројатно. За готвење не сум испробала баш, али веројатно од мрза и тоа многу не ме бива. Сигурно има и нешто друго, али не ми текнува моментално