...за многу работи за спорт АМА ИЧ не ме бива, за цртање уште помалку, а за во кујна да не праиме муабет, дефинитивно најголем антиталент сум можам на прсти да избројам колку пати сум се обидела нешто да зготвам (поише ми се свиѓа друг да готви за мене). на крај секад имало фатални последици по мирот и редот во кујната и има уште една работа за која не сум талентирана - никад не ми се десило да станам наутро точно на време, едноставно ако не си се успијам, јас не сум јас
Молчење. 5 минути да молчам, и шлајм ми се собира Пипави работи.Не можам ,јанѕа ме јаде да исфрлам се и с'клет ме фаќа.Затоа не научив внатрешна плетенка ,ни рибина коска ,ни да плетам ,ни да везам ,ни да шијам. Ужас! Толеранција. Како стареам ,така овој "талент" ми станува се поизразен. Нема ден да не се сконтрам со некој ,обично секој втор разговор го завршуваат моите викотници. Тешење. Ќе бидам мотив за туѓо самоубиство ако се чека на мене да утешам некого ,од толку што не ме бидува! Е од ова потрагично не можеше!
за составување реченици ,состави и не умеам правилно да се изразам се погрешно ме сваќаат ,тоа понекогаш ми паѓа тешко,едноставно не ме бидва за тоа
Да не почнам да набројувам Антиталет сум за било каков спорт со топка, за станување рано, свиркање, математика и физика, пишување текстови, песни, состави. To be continued...
ЈАс сум антиталент за спорт за тоа нема поголем антиталент од мене,за пеење па уше повеке и на крај јас сум најголем антитален за шминканјее
Не знам да готвам, т.е се трудам ама некако се погрешно излегува. Не дај Боже да ви запеам, ќе избегате сите.
Дефинитивно сум антиталент за пеење. А баш имам мерак за пеење, ама ете немам глас Се сеќавам дека додека бев во основно јас бев единственото девојче во одделението што свиреше, а не пееше. Сепак, затоа што не ме бива за пеење, ама знам да следам такт, повеќе свиркам кога сум во друштво отколку што пеам. Ама кога сум сама, еее тогаш богами знам и на глас да пеам
Молчење. Се ќе направам само да не молчам И секако за пеење. Ама ич не ме бива.. Обожавам да пеам и постојано гракам низ дома. Кога неможам на јавни места вака барем си ја полнам душичката Моите веќе неможат да ме трпат ама ако кој пее зло не мисли
Готвење. Никако, јас да фатам да готвам, мора да биде или препечено или недопечено Цртање. хахаха ништо ич Пеење. Ако сакате да ве болат ушите после
Најголем антиталент за пеење, кај немам убав глас, нит мелодијата знам да ја погодам, текстовите обично ги знам, ама не ми треба да ги рецетирам!
Антиталент најголем за пеење, ама немам гајле, си викам, си “пеам’’, уште се надевам дека некогаш ќе излезе нешто звучно
Дефинитивно за пеење. Ама ќе морам да се научам, морам, па што сака нека биде. ( И една смешка од денес. Замислете пеев и се препотив стопати. Па, си велам како пеат ова пејачиве? Заклучок: Дефинитивно не им е лесно! )
И за играње ора исто. Ма не ме бива, и не ме бива. Ќе свртам еден круг, и после, ќе заборавам како беше, ко партал се влечам. Ќе застанам, да видам другите до каде се. Ќе почнам. Пак ќе застанам. Па ќе почнам. Трчни трчни, сопни се.
Друга работа на мојата листа на антиталенти: Ориентација во простор. Во двор ќе се изгубам. Нек се угодее!