За пеење, за цртање, за пиѓување песни. хаха уште се сеќавам од една песна од 4то, братучедка ми цела година ми се смееше И бомбона92 како што рече, за молчење. Јас ако не дадам коментар за било што, нема кој!
За снаоѓање во простори, да одам на едно исто место неколку пати пак нема да го запамтам патот до таму. За учење! Тоа е научно докажано, ако не се трудам премноогу да научам нешто, ќе остане не научено. За зборење пред многу луѓе. Сигурно или ќе истрчам или тоа што треба да го кажам ќе го испревртам 360 и ќе звучи смешно. За шепкање ја и така многу тивко зборам и потивко неможам, па коа треба потвико од моето тивко испаѓа гласно За препишување, мислам дека сите гледаат во мене тогаш. За искажување чуства, не ме бива да кажам што чуствувам, можам да покажам ама со зборови и не баш. Возење кола, тоа никако, најверојатно од страв. За се друго ме бива (цртање, декорирање, спорт, пеење од повеќето што сте кажале)
1.за пеење 2.готвење 3.за препишување паничарка сум хахаха 4.за цртање хммм др не ми текнува.... ако ми текне уште нешто ке допишам
антиталент за пеење и за правење благи работи, еднашка земав да правам слатки и тие више како соленки беа одколку слатки инаку сум антиталент за повке работи али ова е посебно, еднаш бевме со дечкоми у црква ,и таман влеговме тогаш мене најде и ташна да ми пага и цвикери и се ,сите се погледнаа во мене,а кога го погледнав дечкоми онака насмеана он искри му излагаа од очи
Антиталент за ПРИМАЊЕ КОМПЛИМЕНТИ. Мислам дека никому не му е понепријатно од мене во таква ситуација. Некако неможам да кажам само ,,фала,, туку мора да истрескам уште нешто иако знам дека е непотребно.Среќа што не примам често
"мн сум мирна,ама ич не сакам да се карам" за готвење...недајбоже,ќе отрујам некој. има и др.ама не ми текнува во моментов
-за пеење (ама кога ќе слушнам некои од нашиве пејачи, одма се утешувам) -за готвење (е тука сум тотален антиталент) Тешко тој што ќе ме земе -за лажење (се изврзуам)
За играње. Не за ора-нив ги везам но за слободен стил-оу ноу, делувам како Бог да чува со фалинка да сум...
Сецкање! Дал е зеленчук, месо, леб, овошје, се што е за сецкање... исклучок прсти. Е за тоа сум махер! Дури и не осеќам. Кога ќе се слие крвче, та да видам, е тогаш знам- сум се искасапила!
За цртање сум голем антиталент, иако повеќето во семејството прекрасно цртаат. За спортови не ме бива баш-баш, освен за бокс. А, и да не заборавам, имам талент за сецкање- особено прсти.
posvoj te me kajvas srce sakam i jas takof bogataski zivot Инаку не ме бива за глума, посебно кога станува збор за чувства и љубезност. Колку и да сакам да испаднам фина, очиве ме издаваат ако не ми се допаѓа некој и веднаш сам си забележува по моето гледање во него. Одбегнувам да гледам во очи пошто од толкави крупни, ми стануваат ко на некој Кинез со даунов синдром и имам некој си поглед и кисел осмех ко да се олеснувам на шоља после 2 неделно дуење. (Е сега ако имам познаници на форумов, гарант ќе ме познаат ) Фак иииит. Тешко мене ако не ми се погодат шефот и колегите. Ке си бидам форевр алоун, левел:вечен немтур. Не ме бива ни за лакирање нокти, ко исчукани цигли ми се после лакирање.
Ја сум антиталент за сликање со апарат озбилно, мора нешто да и фали на сликата после тоа, дали нечија глава, рака а може и цел човек П.С. а одлично стојам со видот
Покрај што сум антиталент за пеење и физичко, ја сум убедливо најголем антиталент за искажување чувства. Сериозно, делувам ко санта мраз. Јарец сум, што да правам? Башка и немам многу доверба во луѓето па само си потиснувам се у мене.