Дефинитивно антиталент за цртање!Ако ви нацтрам нешто,ќе речете дека цртало некое дете со посебни потреби! Добро е што имам дури 4ка ликовно.Ама сега ја поправив на 5ка ,зошто гледа наставничката дека барем се трудам!
МАТЕМАТИКА! Колку и да се трудам, вежбам, решавам задачи, на тест ми се случува тотална збунка По другите предмети и да неможам да ја совладам материјата, ако ништо друго, барем на памет ќе ја набубам, ама математика... СМРТ!
Непрофесионално глумење. Не знам да глумам, да лажам! И да се обидам, после ме јаде нешто во мене и морам да кажам за да продолжам. За професионално ме фалат, како и да е!
За свашта. Ама оваа со пеењево е врв. Не можам самата да си се поднесам кога ќе запеам нешто,а можам да замислам другите што мислат.Катастрофа.