За пеење, и баш ми е жал. Ама страшен антиталент сум, кога пеам мајка ми ме брка со дрвена лажица низ куќата
дефинитивно сум антитален за кажување вицови колку да се смешни кога јас ке го кажам испагаат чудни а на лицностите што ке им кажам виц ме гледаат вака
математика.. , ако сакаме можеме од антиланет во талент да си го направиме,но кој се замара толку работи има за да ги знаеме..+, -, и x , доста cе,со прсти можам некако да избројам колку треба да платам или слично оваа / , не ми треба имам калкуатор
За пеглање. Не дека треба којзнае каков талент, ама јас кога земам да пеглам, таман си мислам готово - гледам рабови на сите страни Ај ќе ги испеглам некако, ама ракавите не можам и не можам да ги погодам. И таман ќе завршам, се заборавам и дури земам друго парче облека, ќе го зафрлам на кревет испегланото и кога ќе го земам - пак се изгужвало Ветувам дека ќе се научам, мома за мажење ќе станам, не ќе ме сакаат таква - изгужвана Друго... И јас спаѓам во „пеачките“ што се изјаснале во темава
За цртање деееееефинитиииииииивно! Ми се чини ни права линија не знам да нацртам, а не па нешто повеќе навистина, поголем антиталент за цртање од мене не е сеуште роден