Антиталент сум за гимнастика во секој можен и неможен поглед дефинитивно. Донекаде и за пеење звучам катастрофично, ама од тоа не се откажувам, барем не по дома и во блиско друштво. Тешка им душа на тие што се најблизу до мене.
За пеење дефинитивно, појма си немам само гракам како гавран. Aма многу сакам да си пеам. Антиталент сум и за цртање
за свирење а имам дома и гитара и хармоника и школска флејта и синтисајзер. Едно време имавме и кларинет и виолина. Брат ми го бива што и да фати одма по слух може да исвири некоја песна. Кога ќе подразмислам речиси сите бивши се музички талентирани. чесен збор не ги бирав по тоа Јас обратно.
јас сум антиталент за пеење(кој ме чул-избегал),за сите спортови со топка(освен пинг-понг)зааааа чекај што уште?за цртање луѓе,и најважно антиталент за трчање(откако еднаш се содринав,ама онака убаво,сега ми е страв да трчам)и да антиталент за замање крв!паѓам во несвест