Пеење. Кога се бираа гласови за хор, наставничката сите ги преслушуваше по 3 пати, само мене од прва ми рече да си одам. Ама не се откажав, отидов во оркестар, таму ме примија. Не сакате да ме слушнете како пеам, страшно звучи, како галебот од Ариел сум
За цртање дефинитивноо.Ма подобро кажано за боење.За цртање ќе нацртам како така ама кога ќе набојам и толку...
хммм... за цртање... абре тоа чудо е.. поголем антиталент од мене дека ќе се најдит тешко.. незнам една маса со 4 ногалки да нацртам .зато мама си ја бидуват па си добивам 5 на цртежите
Мислам дека воглавно сите сме антиталенти за играње/пеење/цртање, ретко е некој таков да се најде. Јас пак сум антиталент за одење. Две лонгети за помалку од две години, паѓам како зрела круша во октомври. Редовно промашувам скали, се сопнувам, еднаш и дома од ламинатот се спзнав и на газ. Нау дат ис уат уи ар токинг абаут. Се сомневам и дека сум талент за готвење, обично испаѓа нешто помичесто од моето готвење. Ама, за добра свиња нема лоша помија. Се случило да си каснам недоварени макарони, несолена супа, солено нескафе... Нескафе да утнеш, брееј. За спорт - антиталент, знам да скакам топка само, т.е. да му ја скакнам од глава на некој. Двочекор, трочекор... сајнс фикшн е тоа за мене.
Антиталент за : цртање математика готвење пипави работи креативни работи сервирање и украсување воглавно ! Инаку колку што знам ова има врска со тоа која хемисфера ти е поразвиена, десната или левата, само не знам како беше ....
За цртање, математика и се што е поврзано со бројки не ме бидува исто така да направам нешто интересно, креативно да се нашминкам убаво( да ставам туш ) а најголем антиталент сум за плетенки, не се научив и не се научив да плетам плетенки
Антиталент за кошарка од 10 шута може на среќа 1 да погодам инаку и за пеење но одам на хор 4-5 години но догодина планирам да се откажам ако имам срце
Најголен антиталент ми е пеењето. Позната сум во друштвото и пошироката околина по моите гласовни способности, ама јас не се предавам си пејам бе! Антиталент сум за помнење на бројки, во смисла години, дати, какви и да се цифри абе катастрофа. Антиталент за помнење имиња. Ама затоа ликови сум тата мата. И антиталент во групни спортови ау кошарка, одбојка, фудбал, ракомет ... имам две леви раце и две леви нозе па уште и топка во ова комбинација смрт.
Уфф... Кога ќе прочитам антиталент одма на памет ми доаѓа КУЈНА. И све поврзано со тоа,па макар било и само сечење леб. Таков анититалент во кујна треба единствено да го видете,за да поверувате дека го има Имам иритантно пискав глас и антиталент сум за пеењето ама за тоа не се замарам ич..Мислам не сеа дека ќе се пријавувам на Идол и слично,ама за дерење по улици ,кафани и домови,тука сум А антиталент сум и за се повразно со работење со лева рака. Просто фатена сум во таа рака.Не ни замислувајте како ќе ми е излакирана десната рака,ако мама не ми помогне За уште понешто сум антиталент,ама тоа не е ништо во споредба со талентите што ги поседувам кхм... Многубројните таленти
антиталент за физичко дефинитивно за некои компјутерски вештини, не можам баш баш да се снајдам... за пеење, за љубов, комуникативност, правилно искористување на времето...
Камо среќа животов да се состои од многуте нешто што ги прочитав тука, како цртање, готвење, спортови итн. тогаш ќе бев не талент, до маестро можеше да стасам, штом седи влакненца ми се појават, ама е мене за тоа не ме бива животот, оној реалниот надвор. Колку што имам во главата, толку немам во нозете. Родена со две леви нозе, не за спортови, не, нема врска со фудбал, одбојка, кошарка, тие си ги играв од мала. Ама одење по прав пат... ќе оцелам јас камче или дупка да се сопнам. Нема околу ништо, бришен простор е... ма верувај ќе најдам јас клупа, ѕид, дрво, стакло да се лупнам така малку и да си имам нешто повеќе од една седмица синило на себе... да се знае кој бил во војна . Колку што памтам, кој што кажал, кога кажал, кој бил таму, каде било, кога било, во што бил облечен итн. итн. што сум прочитала, што сум видела, толку пак не помнам зашто сум отишла во кујната со чашата, пошто вода секако не ми се пие, немам потреба од течности ама си стојам таму де. Не помнам каде ми се клучевите, мобилниот, новчаникот (до сега колку пари имам загубено, еден човек да бил тој што ги наоѓал за сиве години, добро ќе му дошле немало да му треба работа) чантата и слично. Не знам за доволно. Обично работам и читам дур да капнам од умор. Не умеам да лажам, или поскоро не умеам да не ја кажам вистината или да ја преќутам штом некој ме прашува. Дури и да преќутам или измислам нешто, ме копка, не ми дава раат се дур не си признаам како било и што, така што воопшто и не ни покушавам да измислувам нешто и пукам, дал болело или не, некако полесно ми е. Што се покажува како погрешно, бидејќи дефинитивно на луѓето не им треба вистината а утеха. Не умеам да си ги контролирам емоциите, кои варираат од една до друга крајност. Можам да поќутам, да изкулирам, но тоа може да трае сосема кратко и ако некој ме подбуцнува дополнително, мислејќи дека ќутам бидејќи ме победил во дискусијата, е тогаш уште полошо станува тоа што сум ќутела. Готвам да, тоа ми е талент, ама антиталент сум за сецкање, обично сецкам прсти, горам раце, заборавам уклучен шпорет, чешма пуштена итн итн. Абе реалниот живот ми е комплицирана работа. Камо среќа да требаше само да си работам и да си црткам, да си помнам и раскажувам, дискутирам и дрн дрн дрн, без се ова другото и многу слични на ова нешта .
За пеење! Ама си потпевнувам по дома,за душа. Еднаш и само еднаш ми се случи да пеам пред другарка и јака и душа што ме слушаше. И за спортови сум антиталент. Сите можни сум ги испробала и ништо. Единствено,во танцувањето се пронајдов (ако тоа се смета за спорт...)
Пеење пред се, ме избраа од хор пред да почнам кога не преслушуваше професор таман зинав да гракам ме рече стоп, доволно и не ме бива за украсување, декорирање, и кога работам нешто обавезно морам се лом да направам, значи сум антиталент за педантерија