За готвење ама ич не ме бива. А и ако сакате алиштата да ви бидат изгорени дајте ми ги мене да ви ги испеглам. За други работи се ме бива.
Антиталент.. хммм, па веројатно математика, имам 4, а ни самата незнам како ја добив таа оценка. Исто и спортови, ама не сите, одбојката многу ја сакам а не сум нешо посебно добра, али важно се забавувам! Кошарка, ракомет - Сакам да ги гледам на телевизија и се правам паметнаа Ааа зошто овој не погоди, требаше вака, требаше така, а на терен сум Вее молам не ми ја подавајте топката...
Прдење. Затоа не ни прдам. Срам ми е пошто не знам да го доволам моментот, и се грчам дури и кога сум сама со себе не се опуштам, пошто самиот звук никогаш не ги задоволувал критериумот на Прдовската скала на интензитет и јачина на прдежот. Алал им вера на тие што ги ускладуваат мирисот и звукот. Ја не мо'aм. Guilty, but don't judge me!
физичко. пробувам и се, ама она не ме сака. наставничкава постојано ми вика и ми се дере, за се јас сум крива. на крај се изнаплакав дека неможев да направам ѕвезда
Антиталент за спорт. Имам две леви раце и две леви нозе . Во средно физичко ми беше најомразен предмет и речиси никогаш не вежбав. Абе, каква и топка да ми даде човек ќе ми испадне од раце, нит одбојка знам да играм . Што да правеш а инаку многу сакам спорт ама не знам да играм бе, ич не ме бива.
антиталент за готвење. јака му душа на оној шо ќе му бидам ја жена ,или ќе умираме од глад или ќе одиме по ресторани да папаме
Најголем антиталент сум за цртање, дефинитивно Значи не знам ни цветче да нацртам, ни дрвце, ни бутур Во основно еден период многу се мачев да нацртам девојка, она знаете лик убав, па коса разлетана, па ова-она... Не бе брат, џабе Тоа моето на се’ личеше, само не на девојка Битно ликовно имав 5-ка (брат ми ми ги црташе цртежите ) Следно, антиталент сум за математика и отсекогаш сум ја мразела, а исто така и за хемија На памет учев и ништо не ми беше јасно