За пеење.Поголем антиталент од мене чинам нема.Ретко кој ме слушнал како пеам. А така кога зборувам, можам многу лесно да си сменам бојата на гласот, да имитирам, а да пробам да испејам нешто...Хм, чудно Гледам некоја феминка напишала дека е антиталент за геометрија.Исто и јас.Многу мразам кога учиме геометрија и часови и часови, ма какви часови бре, со денови вежбам пред тест кога темата ни е геометрија.Од мене архитект дефинитивно не бидива.
Вака, антиталент сум за: -пеење (иако вака сама знам да си запеам и да се глупирам со мојов прекрасен глас дека знам да пеам ама пред друг нема шанси) -математика, физика и хемија и ориентацијава нула ми е, мора прво 3 4 пати да отидам на некое место за да запамтам како да идам сама следен пат, абе срамота, како изгубен германец
Aнтиталент за пеење. Но, секогаш кога имам прилика и кога сум расположена си пеам. Не ме интересира милозвучноста на мојот глас се додека се чувстувам исполнето, ма сега колку сака нека изгледа смешно и подбивно.
За пеење дефинитвно. И тоа сите ми го кажуваат Ама гајле ми е си пеам на цел град ако ми се погоди песната. Мн. често љубам да кажам Ако незнам да пеам- сакам да пеам и гајле ми е
Јас сум антиталент за пеење, кој ме слушнал, има пореметување на слухот т.е останал глув засекогаш! ХАХАХАХ
Пренесување работи од едно место на друго, стаклени или друг кршлив материјал. Носење јајца од продавница до дома ! Спојлер Знаете што се случува.
Антиталент за одржување на собата чиста. Треба да добијам златен медал ако собата ми остане средена 3 дена по ред...
За пишување состави Во петто одделение ни дадоа да напишеме состав за пролетта и јас „Пролетта е убава. Сонцето убаво грее зелената трева светка а пеперутките шетаат од цвет на цвет и се слуша зуот на пчелите. Ами ни имаа зададено еден текст да го прераскажеме како ние да сме биле на местото на раскажувачот со поинакви зборови нормално да измениме нешто. и сега во учебникот стоеше вака „ја фрлив книгата на подот“ и гледајте како раскажав јас „ја заџидалив книгата на подот“ Оф леле мајко .