За било каква врста на помагање низ дома. Буквално што и да земам да исчистам, избришам, или ќе се скрши или ќе се створи некоја друга дамка, или ќе превртам нешто.. Хаос.
Иако имам голема желба да пеам и постојано пеам, сепак сум голем антиталент за пеење. Ич не ме бидува, тешко на тој шо ме слуша
За пеење,за цртање,цртање техничко (правоаголна,коса,изомертиска проекција тие чуда бла бла) и за правење макети исто по техничко.
Математика. Дефинитивно! IV година сум и се на крај 2 добивам и тоа колку да не ме остава на полагање. Среќа другите оцени ми се добри
ја дефинитивно сум антиталент за поставување на теми на фемина,секогаш ги има веќе,а се мачам да најдам дали има таква,тоа е најверојатно затоа што сум нова и не ги наоѓам тие постари исти теми.. и за готвење,посебно оние по комплицираните јадења.
1) За возење велосипед (уште незнам да возам) 2) Памтење датуми по историја. Лелее Господе седнам и учам, учам, учам запамтам 3-4, извадам ги, користам хронолошка таблица, па учам, учам и учам, испрашам се - знам ги ама мешам ги настаните, па учам и научам фала Богу знам ги, ќе ги памтам ден, два после па забравам и фанам дома смеам си се сама на себе иако работата е за плачење И послаб талет сум и за 3) Кошарка, честоо промашувам и никој не ми ни подава како да не сум вклучена во играта