Дефинитивно сум антиталент за пеење инаку премногу сакамд а знам да пејам , н не се срамам си пеам секој има право да се забавува
За спорт... поточно за се што бара физичка активност Брат ми ми вика дека имам рефлекси на мртов коњ. И за пеење не ме бива, ама тоа не е толку страшно.
Најголем антиталент за пеење,но си пеам без проблем ич не ми гајле как звучам битно убаво да ми е хахах
За ФЗО сите сФатија дека сум антиталент и веќе никој не ми подава топка ни ништо згора на тоа и ми се смеат ама баш ме брига
Јас сум антиталент за цртање.Кога гледам некој како убаво си црта или некој негов цртеж, а јас една детска слика неможам да нацртам
Антиталент? Кога ќе подразмислам сум била голем антиталент. Цртање. Знам само сонце, цвеќе и дрво да нацртам. Имав еден обид да му нацртам верверичка на братучед ми ама он констатира дека верверичката е уствари полжав. И така.. тука заврши мојата уметничка кариера. Лажење. Не се фолирам или нешто демек ја незнам да лажам и сум добрата самовила. Ама луѓе стварно незнам да лажам. Одма ќе ме приметат, одма ќе се зд'дкам, ќе почнам да вртам една иста работа и неможам во очи да го гледам соговорникот. И во средно кога требаше нешто да лажеме со другарка ми секогаш ми збореше - "Стој позади мене и те молам не отварај уста одма ќе не фатат." А некогаш е добро да знаеш, немора да правиш превари од светски размери ама онака да знаеш да кажеш по некоја бела лага. Математика и се што е поврзано со бројки. Незнам ова колку се вбројува во талент ама тоа ми е единствено оправдување зошто не ме бива. Луѓе ако ви се верува и за 5+3 ќе се замислам колку е ама најсериозна сум. А видам бројки се ми се затемнува пред очи. Мислам дека нема на светов некој што е потапа од мене за математика. Ама тоа е си се помирив.
За прераскажување книги и филмови. Се ужаснувам од прашањето: За што се збореше во книгата? Едностано не знам да раскажувам. Прво треба убаво да го осмислам, а потоа да раскажам НЕКАКО.