Паа..за се и сешто,јас се што ќе посакам значи мора и мора да ми успее од прва рака како:цртање,пеење,доволување акцент на јазици,правење фризури,шминкање па се дури и до фотошоп (морав и него дур не го превртев цел ,по цели ноќи правев слики).Кога ќе се запнам за нешто и морам да го остварам ако треба и не спијам ноќе додека не го остварам тоа што го посакувам!
Прераскажување смешни случки т.е. било какви случки. Ќе ги раскажам во две реченици и нема да ја доловам како што треба
...за проклетите математика и физика...т.е. ,не ми лежат сите теми,инаку сум имала и високи и ниски оценки по тие предмети...исто и за информатика...
Aнтиталент сум за цртање ,пеење, играње ( на некоја песна ), за математика за готвење, и онака сум си малце како заспано во последно време и искршив еден комплет чинии и еден филџани на свекрвами среќа емногу добра и позитивна па ме толерира
1.Пеење-мислам дека поголем антиталент нема да се роди,сигурно пеам некоја скала што не постои 2.Месење-Се ќе направам и филови и триста други работи,ама да погодам тесто или пандишпан е невозможна мисија. 3.Возење мотор-Кола знам да возам,точак знам,па дури и виљушкар,ама кога се качувам на моторот само право знам,кривините тешка работа 4.Уредно јадење-Нема теоретска шанса после оброк јас да изгледам исто како и пред оброкот,цела сум покапана,најчесто со дамки кои не се перат,несмасна до даске И сигурно имам уште неколку,ама не ми текнуваат
Антиталент сум за пеење,цртање и чистење. ако побараш да ти исчистам верувај се ќе ти биде ,,исчистено''...ќе биде бетер од состојбата пред чистење.