За физика, пеење, цртање.. Математика идев и по натпревари, ама физика бев дрво. Причината беше шо математика имавме престрога професорка која знаеше да објасни убаво и бараше многу. А физика ми предаваше чичко ми (на татко ми прв братучед) го заебаваа уччениците и кажи речи на сите им ставаше оцени без да знаат. Не учев ни ја, тогаш мислев дека не сум будала, али денес коа ќе размислам затоа и не упишав електро, да речеме Пеење и цртање исто. У средно не тераа и да свириме онака по малку и кој друг ако не мене. Татко ми е наставник у друго училишта баш по музичко и ко за инат ајде на клавир Не те научил татко ти дома за нотиве хаха. Одвај ми напишаа постигна високо ниво у средно За цртање не знам шо да речам. Уствари ќе речам. На факс имавме еден предмет со цртање на растенија. На пример кантарион. Пишуваш систематика, класа, поткласа, ред, надред, го препознаваш растението го пишуваш латинското име на сите овие класи, редови и надредови. И ако ти е точно, ти дозволува професорот да црташ како што било у практикум, со плодници, цветници и такви чуда. Ова го цртавме на вежби прво, а ја се праев демек цртам и си шкрав нешто по тетратка, челкам да помине време и на сестра ми по автобус и ја праќам тетратката да ми нацрта. И дојде ред за испитот. Теорија положувам ко од шала двата колоквими деветки. Практично паѓам пошо не знам да цртам у јунска сесија у септемвриска. И јануарска. И презапишав. Ај викам ќе го оставам за у четврта. Дојде и четврта, теоријата шо ми беше положена ми важеше, и пак си паѓам, јунска, септемвриска и дојде јануарска. Строга беше асистентката, ама и ме имаше на пик, ради нешто. Први вежби и ми го запазила презимето ми вика шо ти е овој со истото презиме. Прашуваше за братучедот. Мене ми текна дека лев човек е он, заебант, студираше на иста катедра, исто околу 40 год беше. Можда ја има разочарано додека студирале хаххах и викам, ништо не сме така се погодило презимето. И буквално на вежби на сите им се обраќаше на вие, мене.....ајде ти....готово нацрта ли? Далеку од тоа дека заради ова ме паѓаше, едноставно дрво бев за цртање али шо има да кажувам дали ми е или не ми е роднина. И на пат некако се погоди оваа сесија и тој еден небитен професор дојде да ни го држи испитот. Небитен у смисла дека главниот професор беше академик, а овој доцент. Е си викам сеа ќе положам па ако треба ќе се скарам со професоров. Пишувам систематика на сите растенија, се погодено, ама на едното ја знаев само фамилијата како е на македонски, а да ме утепаш не ми текнуваше на латински. И му покажувам, вика аааа не колега ако не ја погодиш фамилијата не пуштам. Ај ќе размислам викам. Мисли пола саат не ми текнува. Викам во овој момент не ми текнува. Ама овој момент трае веќе 40 минути, дрско ми одговори Аииииии вриев у себе. Ми вика, ај напиши ги сите фамилии од практикум шо ги знаеш. Од едно 70 фамилии му напишав едно 60. И му викам речиси сите ги напишав, ама не ми текнува баш оваа. И ми вика, не бива, мисли или не те пуштам. Помина саат и пол од полагањето, се доближува и ладно ми вика. Ај колега можда и ќе преминам преку тоа, дај да видиме шо си цртал. хахаххахахахха Отвора тетратката шо да види, како со нозе да сум цртал хахахахха И почнува да ми шкрта и ја видно изнервиран, срипав од стол ни чао не му кажав си ја земав ташната и дим да ме њама Почна да се дере, а имаше уште 5-6 колешки. Кај тргнавте ми вика? Па викам, ќе полагам пред комисија, ова не може вака, овие растенијава почнав и да ги сонувам, за кое и да ме прашате знам плодник цветник каков има, латинските имиња ги знам, е сеа не знам да цртам. Стварно не знам. И типот ни две ни три ми вика. АААА сакате за вас нов начин на полагање да измислиме? Викам професоре, ја не барам 10ка од практично, една 6ка, за овој труд мислам заслужувам, со двете 9ки теорија мислам дека 8ка ќе извлечете конечна. Ако треба дипломска ќе изберам кај вас, не може ова вака да биде. Не знам да цртам и почнувам да му зборувам дека на сестра ми по автобус и праќав да ми црта. Па зошто избегавте дојдете да видиме шо сте нацртале. И се смирив, се доближувам и почнува гласно да се смее и вика шо е ова? зајак со уши? хахахахахахаха И ја почнав да се смеам, овие колешкиве исто и веќе не ни го слушав шо зборува ја отворив надворешната врата од лабораторија и пред да излезам ми вика ќе добиете 6ка, ама немојте да кажувајте како се одиваат предметите на оваа катедра. И таман викам се спасив од овој, пошо "главниот" професор ја пишуваше оцената, еве го утредента. Цел среќен бев кај професоров пошо ми рече 8ца конечна оцена и додека ја бараше пријавата, еве го овој....тропа на врата. Си викам ако му зборне нешто сеа за мене, може да се налути другиов и да не ми пише оцена. Типот вика со едно нежно гласче исплашено "Професоре шо да правам со оние растенија, стигнаа" Се воздржав да не се изнасмеам, ја добив оцената излегувам и си викам, мене ми се дереше онаму, а тука глас не ти се слуша хаха Eдна колешка проба да полага со бубица кај него, ја и читав, али типот којзнае колку имаат пробано да полагаат така ја осети. Ја и читам, она слушнала не дослушнала, ќе зборне, тоа не е одговорот. Ќе и го прочитам пет пати и ќе го погоди. И го слушам типот вика, ама вие многу се премислувате, еднаш знаете еднаш не, имам чувство ко да ви поткажува некој, ај да не продолжуваме и да не ве претресувам дојдете нареден пат.
За small talk. Посебно со луѓе што самошто ги запознавам. За шеги и хумор. Ај што не знам да кажувам шеги, ама ретко и ги разбирам.