-За цртање. Незнам ни една куќа да нацртам а да не изгледа смешно и како да е нацртана од пет годишно дете. -За чупање веѓи Ако направам еден и единствен потег врз моите веѓи знај дека доживуваат деформитет иститот момент. -Математика.Која тапа сум,и во основно и во средно.Ако имав 13 предмети во средно,значи имав 12 петки и една единица по математика,голема колку мене.
Има многу работи за кои сум невиден антиталент, ама по неколку се издвојувам дефинитивно... 1). Готвење. Јас не знам што домаќинка ќе бидам, кога секое јадење што се пробувам да го направам (Се разбира освен класика тестенини и такви транталци) завршува на тараса, спремно мачињата да го јадат. Или нешто загорувам, или нешто недоварувам... Ко вицот сум кога ќерката му однесла јадење за прв пат на таткото и овој и рекол супер чедо, ама ако е пудинг ова додај малку повеќе шеќер, а ако е супа малку повеќе сол. Ама ќе се научам па што и да е, одлучена сум, јас ја имам силата 2.) Пеење. И за тоа ми е најмногу криво во животов, толку сум приврзана за музика, не можам да живеам без неа, толку сакам да си пеам, ама ете не ми дариле глас. Имам кажано, да имав глас музичар ќе бев 100%. 3.) Математика. Од секогаш, значи сите сите предмети најјаки петки, математика никако. Со страдни маки, од што веќе од вежбање напамет ми беа научени задачите тројки или четворки вадев, ама појако никогаш. Освен последниот тест во 4та година, тој 5ка ми беше и дома урамен ми е Имам уште многу други, ама овие се топ 3... Се да сакате, освен на ручек кај мене да дојдите, или евентуално да ме слушните како пеам
За цртање.Кога ќе нацртам нешто ни самата не препознавам што излезе од цртежот.Едно цртам друго искача.
За што не сум. (се шегувам, си имам и јас свои таленти ) - цртање - единствено имам цртано додека учев ликовно (во основно и две години во средно), ама дефинитивно немав врска од цртање. Се трудев, се мачев, ми помагаше мајка ми (па понекогаш и она ми ги црташе цртежите )... со еден збор бев солидна, но ништо посебно. - пливање - овде сум тотален антиталент. Доста пати се имам обидено да се научам и ми имаат помагано, но барем досега никаков успешен резултат (благодарна сум што нема неуспешен, па за повеќе здравје ). - англиски јазик - бидејќи на девојчето на времето баш и не му се фаќаше книга по англиски, денеска не се снаоѓа нешто најдобро со англискиов. Учам, се трудам и се' тоа, доволно за солидна оценка и снаоѓање, но едноставно знам дека ми е една од послабите страни. No English, please! Спојлер Но, тоа не значи дека нема со тек на времето и уште поголем труд да го совладам де. Се' може да се научи доколку се сака! Ама доколку се сака!
За цртање, пеење, играње, hand made работи немам проблем зошто работи креативноста и инспирацијата во мене. Арно ама дефинитивно сум антиталент за скијање и возење ролери! Дефинитивно се откажав од тие работи, едноставно тешко одржувам баланс на телото и точка! Само се надевам дека нема да бидам и антитален за возење кола, па ќе се потрудам да се внесам максимално кога ќе земам часови летово.
Чупање, страшна работа колку не ме бива, едно влакно да искубам, го скубам погрешното, и 6-месечниот труд на козметичарката отиде јабана, и јас со него, затоа кога немам време како сега, шетам ко жбун некој, за срамови... Пеглање коса....почнувам стрпливо прв прамен, втор, и почнувам да грабам цела коса одеднаш да ја испеглам... Пеглање... нит знам да пеглам, нит сакам да знам... Пеење, интонација одлично, ама глас...ни ка ко!!!
-Не ме бива за пеење ама ич, немам глас... ко квачка некоја раскокодакана. Имам така по малку пискав глас, а кога пеам фаќам високи расштимани тонови ти се чини во секој момент прозориве ќе пукнат. Признавам најтешко ми беше кога требаше да ја успијам ќерка ми и да и пеам успиваљки....сум ја успивала по пола саат пеење... јасно е зошто Едно време имаше инвазија на нови женски/машки групи, па и солисти кои немаа појма од пеење, па јас и другарка ми-која пее боље од мене , сериозно мислевме да станеме пеачки и да кокодакаме... Среќа што не направивме таква глупост, сега ќе ме имаше во темата антипатични јавни личности -Друго не ме бива со топки...на физичко во средно кога требаше да играме кошарка, ракомет или одбојка се вадев на оправдано (демек имам добиено) и проф.-от еднаш ме фати дека ескивирам и ми рече- добро Лолита ти колку пати во месецот добиваш -Што се однесува до домаќинлук- кршам се по дома, се` јас нешто се сопнувам, се` мене нешто ми паѓа (едно време маж ми ме викаше трапчо), а кога мијам садови обавезно нешто кршам. -И најголем таленАт сум за треснување глупост кога не треба.. во смисла тој што не треба да ме слушне обично е позади мене или улетува и ме слуша што зборам.
Антиталент за правење палачинки Врска нема! Од 100 обиди ни еден не ми успејал,палачинката кога се трудам да ја превртам има шаси секаде да заврши само не во тава! Антиталент за пикадо Понепрецизен човек од мене сигурно нема! Две леви раце имам,мавам и го промашувам пикадото Антиталент за пеглање алишта После пеглањето кошулата е повеќе изгужвана отколку претходно! Не ме бидува ич
Антиталент за правење лице. А толку многу се обидувам понекогаш да го правам тоа, ама едноставно не можам. А баш би било добро понекогаш да го сокријам вистинското мислење за некого (и да се смешкам). Не секој ја поднесува вистината
Антиталенат... уу добра тема Да видиме, антиталент сум за шиење копчиња, никад не ги зашивам убаво, антиталент сум за пржење храна, имам уплав да не се изгорам со зејтин и изгледам смешно од страна иако често пржам Антиталент сум за игри со топка, имав уплав кога во школо се играше народна се тресев да не ме погодат, а еднаш коа ме стаија голман за ракомет ќе споцркав ме погодија нема што Антиталент сум за шиење општо, еднаш ги исплеткав конците на машината за шиење, потоа за возење ролери (имам уплав), за возење точак по улица (гарант ќе паднам од страв да не ме удри кола), за јадење мрсно, гарант ќе ми капне, за одење по дожд, увек се праам лом позади колку и да сум внимавала.. потоа антиталент за рипање на магарац леле колку само имав страв да г напраам ова во школо и колку само неуспешни обиди имав а тука да го додадам и одењето по греда, особено онаа високана УХХХ! Гарант има уште ама не ми текнува. Ќе ми текне па ќе надополнам
Антиталент за бришење паршина..... 2 години никако да избришам како шо треба прво ке избришам најдоле а потоа на повисоките местаи така по 3-4 пати се вракам на едно исто место да избришам, исто така антиталент сум за да го избоам тоа што сум го нацртала... затоа секогаш професорот ми ги прегледува цртежите необоени за да може 5 да ми пише
Леле заборавив и за возење ролери еден толку антиталент, учам 5 години и никако да научам. Ма неможам рамнотежа да држам, не можам едноставно.Исто и за лизгање (ова поврзано со ролери е).Еднаш бев на лизгалиште само зимава, и 184395 пути паднав!
Антиталент сум за боење цртеш со темперни за цртање ме бидува ама за боење не прашувам све го упропастам цртежот...Антиталент сум за лажење воопшто незнам да лажам бидејки сум многу смешка и не ме бива за тоа!
пеење и глума, уф јас да запеам има сите магла да фатат, а глума да не се кажува одма ме фаќа еден сеир , исто така и цртање освен едно цвеќе, никогашне сум нацртала нешто како што треба.
Антиталент за пеење. Антиталент за пливање. Абе, таман ќе си запливам, ајде еден грч во нога и оди после спасувај се. Али, преживечу. Антиталент за боење цртежи. Абе, ќе земам да нацртам еден убав цртеж, а кога треба да го бојам ќе си уништам цртежот. Сега почнав од слики од интернет или видео да си цртам по некое потретче (не дека мнооогу личат, ама супер ми се). Еве, последниот ми е од Анџелина Џоли. Среќа што портретите не ги бојам, само со молив иначе Џоли ќе личеше на Донатела Версаче. Антиталент за секаков спорт освен за кошарка. Абе, нешто друго да играм како да се плашам од топката. Народна не знам од кога не сум играла..... И тоа. Ако ми текне нешто ќе допишам.