За возење ролери,за шпаги и такви чуда ,за готвење.Некогаш сум многу чудна при запознавање со нови луѓе,како да не знам да сврзам неколку зборови и исто не знам како на вистински начин да ја изразам моменталната состојба во која сум ниту пак да ги дефинирам чувствата.
Дефинитивно за пеење, еднаш случајно се слушнав како си потпевнувам додека некој си снимал нешто друго и звучев како прдеж. Толку многу се засрамив пред себеси и од тој ден кога си потпевнувам на песна само отворам уста без да пуштам глас
Јас сум на цртање или пак боење во училиште ликовно се си имав 3ка ама и тоа со протекции е таа 3ка иначе сум чиста 0 и за некои спортови само да не почнам да играм фудбал јас како што се плашам од фудбалските топките
Јавно говорење пред луѓе што не ги знам, циркуз без пари. Или гледам во плафон и зборам како навиена или заборавам име, презиме и национална припадност. И бројки, имам дислексија, ама за бројки. А, и лево десно тешко да погодам од прва. Brain unavailable. На играорна топ ми одеше.