Спорт и цртање. Посебно за спорт, па толку сум дрво што не верувам дека постои некој како мене. Ниту се разбирам а ниту пак вежбам, ова второто ептен сум за ќотек.
Пеење, цртање.... А баш сакам и да пеам и да цртам. Математика, физика, информатика..... Е овде ниту имам желба, ниту талент.
Математика (освен равенки, координатен систем и биномни формули) Не ме бива за поправање уреди, машина или телевизор
Кога одев на школо бев антиталент за вежбање на физичко. Кога требаше стој на раце, ѕвезда, ниту правев ниту се трудев. Или па кога требаше кошарка или ракомет, мајко милаа врска си немав, сите трчат и јас трчам , вешто криејки се од топката. Ден денес сум ваква за спорт. Од спортски вештини најдалеку што стигнувам ми е пешачење.
Периодов гледам видеа за развој на моторика кај бебиња. Мислам дека нема такво нешто како антиталент за спорт, само деца кои се пуштени да се развиваат и оние шо цело време се "пазени". П.с. не дека сите би биле спортски суперѕвезди, туку не би биле антиталенти.
Точно така, ова е вака. Добрата работа е што спортските вештини можат секогаш да се развијат, барем до ниво што не е "антиталент". Мене многу ме нервира кога ќе слушнам дека некој не би пробал одредена активност зашто "не/ја го бива". Значи, буквално сѐ се учи со пракса.