Јас имам антиталент за спорт, а сум бил пуштен да се развивам, та дури од мали нозе сите можни спортови сум ги пробал, од фудбал, ракомет, кошарка, и т.н. (на тренинзи по некои скопски клубови) ама мојот ум е уметнички мирен без некоја голема физичка активност освен за три работи, планинарење и пешачење.
За местење навлака на перница.. Мразам кога треба да менувам, ми треба буквално цел саат да ја наместам, или не можам перницата да ја пикнам или криво ќе се намести. Пред некој ден дм се тушира јас да наместам навлака, она заврши со туширање јас уште местев, а не се тушира брзо, што слатко ми се изнасмеа тога виде дека не знам да наместам.
За вежбање, за правење кора за торта од белки само пробав 2/3 пати испаднаа камен тврди и крај веќе И за правење муабет со луѓе кои прв пат ги гледам Пресрамежлива сум, па кога и образите ќе станат црвенкасти.. заборавам како се викам Чудно, нелии?
За корите и тортите ич да не се замараш. За муабет со луѓе од прва.. Исто. Риби сум во хороскоп и додека не се опуштам пред некој сум ко телетабис, и да пробам да кажам нешто 100% ќе се обрукам трема јбг..
Бракот е најубав кога мажот е во кујна а жената е во кревет. Еден ден стварно кога ќе се ожениш ќе ти зуи реченицава