Хаха интересна тема Ја сум антиталент за возење веспа првата бандера е моја Иако многу сакам да возам(имам веспа) пробав и ќе се удрев во една куќа и сега дома за украс ми стои
Апсолутен. најголем, преголем, вселенски ANTITALENT сум за се што е поврзано со уметност, за ништо не ме бива
Јас сум АНТИТАЛЕНТ за ориентација, ако може да се каже така И ден денес ми се дешава да се изгубам низ Центар.... Понекогаш ептен ми смета, порано се плашев ама веќе отрпнав Едноставно не можам да запамтам од кај сум дошла и на каде да тргнам! Ама на крај секогаш се снаоѓам само место за 10 мин јас ќе стигнам за 40 поради кружење постојано околу две улички. Врвот ми беше кога се изгубив во Веро-то во Тафталиџе не можев да го најдам излезот. И автоматски значи ќе бидам антиталент за возење, затоа до душа не сум ни уплатила часови. Ќе си имам возач Или ќе си се возам цел живот со автобус (и нормално ќе утињам станици)
Дефинитивно антиталент сум за цртање. А во однос на одењто, се сопнувам на рамно и на ниски чевли, а на високи можам и да трчам. Исто сум "многу добра" во ориентација
Антиталент за препишување.Денес правам писмена македонски,cе наоружував со ливчиња кои не верувам дека ќе ти ги искористам заради тоа што сум трапава и не знам да го извадам.
Антиталент сум за повеќе работи. На пример за било каков спорт. Незнам зошто ама како фатена да сум во рацеве, а сиротиот мој нос е магнет за секоја топка. Значи уште од мала кога ќе игравме надвор, мораше мене постојано да ми се лизне топката и право у нос, а едно време кога идев на ракомет сите паѓаа од смеење кога шутирав. Сега кога ги видов фотографиите на Љубам, сфатив дека сум антиталент и тоа со големо А за сликање. Како претставник на две леви раце, мора да ми испадне сликата матна или во најлош случај од моделот да биде фатена само половина од главата.
Јас сум антиталент за цртање, сликање, моделирање, правење оригами итн итн Кога ја гледам другарка ми какви чуда прави од лист хартија или салфетка во боја, ми доаѓа да заплачам од мака
...за спорт! Ич не сум спортска џенцка, едвај држам топка в рака, а не пак да земам да играм кошарка, ракомет (не дај боже фудбал) А само по спортисти ми шараат очиве ехееее, туго несречо Единствен спорт во кој највеќе се истакнувам е сурфање на интернет, или не беше ова спорт !?
И јас исто за ориентација. И автобусите никако да ги запамтам, незнам само како ќе ми биде догодина во средно.
Е баш убаво ме потсети. Јас сум опериран од математика, и од активност кај шо треба финеси, на пример правање макети, сечење , мерење лепење...како со боксерски ракавици сум тогаш
Ич не ме бива да пеам, ама не ми смета , пеам си секаде, додека си се бањам, на концерти, по дома додека чистам појма немам ни да цртам ама затоа ме бива да си шкрткам шо ми текне Математика уфф ноу коменто, физика, хемија, боилогија, економија хаха ич не ме бива у штедење ма и у ништо шо е поврзано со економија ај доста беше па , па ке си кажете ваа па за нишо не ја бива
можам да се потрудам за се... ама антиталент за заљубување дефинитивно... или талент за погрешно заљубување
Темава Антиталент сум за - лажење, незнам да лажам, а ако пробам, одма се познава и одма ме откриваат - преќутување - морам да вратам - ориентација - ма пред зграда ја ке се изгубам слабо се снаогам во просторот
Антиталент за пеење а желба голема. Аниталент за цртање појма немам од ликовно,а и една линија права незнам да повлечам. Антиталент за спортување или повеке мрзливост. Антиталент за фризури правење.