Физика и за да се направам себе си среќна, за другите не е проблем, кога јас доаѓам на ред, талентот некаде се крие !
Ориентација-9298573985 пати да одам недге, ќе мора уште толку пати да одам, за да го запамтам патот. -.- Пеглање-едноставно не ме бива. -.- (се откажав пред да ги изгорам сите алишта) Месење леб-колку едноставно ми изгледа кога мајка ми го прави тоа, а јас никако. Трчање-еднаш животот ми зависеше од тоа, а мене ме мрзеше да трчам. -.-
За возење автомобил (ама пак возам ) За пеење (ама пак пеам) За зборување во јавност За лажење Баксуз за талент или антиталент се смета???
Антиталент за: 1. Пеење 2. Цртање 3. Возење автомобил 4. Пишување ( мислам не азбуката туку проза, поезија) 5. Математика, физика, хемија да ме убиеш не знам 6. Шиење За ништо немам талент!
Играње - уф колку само не сакам свадби, крштевки и такви ми ти собиранки кај што се игра Работи за кои е потребна брзина - мислам дека нема попипав човек од мене Креативни работи Тактизирање Пливање Ај доста се
Антиталент за средување сопствен лик, друг ќе го суредам ќе го нашминкам и облечам ама самата себеси ми доаѓа да вриснам колку неможам да се средам.
за темава! Иначе ме бива и за пеење и за глумење и имитирање,ама темава е за што не ме бива така да еве да си кажам,не ме бива за физика и математика! Исто така за боење! Антиталент сум за многу работи и многу сум несмасна ама како нешто што највеќе не ми оди би го избрала шиењето! Леле ќе земам некое мало дупче да зашијам и лом ќе го напраам матријалот! Од едно,три дупчиња ќе напраам
Јас сум за пеење и пливање,а толку многу сакав и сакам и сеусште се трудам да научам но никако не ми оди
Па ако се смета и тоа за талент би рекла дека јас сум страшен антиталент за лажење или препишување. Толку мразам да лажам ама и кога морам лесно се издавам, а не дај Боже да земам на испит нешто да препишам колку и да не ме гледа професорот, ке ме примети од што црвенеам и треперам цела иначе од другите работи не ми текнува, секаде сум повеќе или помалку (анти) талентирана. Добро, еве спортовите освен одбојка и пливање не ми одат..до душа не сум ги ни пробала, освен кошарката и тоа од 100 фрлени топки 3 дали ке влезат во кош
Јас сум антиталент за пеење и играње .Ајде декак играењет ке поминам има и полоши ама поголем антитален од мене во пеење нема ако има некој како мене веднаш да направиме еден концерт и што е најлошто во двете работи што сум антиталент се работи што сакам да ги имам