за математика многу им бев забавна на професорите во средно зашто си измислував свои формули мора да додадам, и за препишување сум антиталент! секогаш ми било полесно да си научам тоа што треба отколку да се замарам со препишување...си бев бубалица само математикава ми идеше на живци
Антиталент сум за математика, ама верувајте ваков антиталент не сте виделе! Од тоа што го пишувам по тестови, да запишуваа професоркиве, нова математика ќе створеа.
за пеење,за спортување,за цртење и за одбрана (абе послено ми е да заплачам него да убедувам некој дека стварно сум во право)
За спорт, за ориентација (остави ме одпозади на куќата и ќе се загубам), за пеење, за криење нешто...
Антиталент за одење на чист пат ја камен ќе најдам и ќе се сопнам а не дај Боже да отидам на непознато место , нема да знам кај да одам , или некаде каде порано сум идела сеа незнам каде е
Антиталент сум за препишување, можам само хемија да препишам макар што еднаш ме фати за по другиве предмети ќе спремам ливчиња со микроскопски букви и пак нема да ги извадам. Најголем антиталент сум за спорт, и мразам кога играме одбојка, кошарка, ракомет што било оти јас како што сум баксуз и магнет на топки само мене ќе ме удрат онака јако во фаца. Од спорт сакам само тенис да играм, можеби не ме бива ама сепак со мерак играм. Не ме бива ни математика, физика па ни хемија а се запишав фармација . Голем антиталент сум за играње, пеење и затоа не сакам свадби и такви веселби кај што играат се кршат,а јас појма сум,а од ората ги знам само правото и шестката .Има уште ама ај па да не ме прогласите за антиталент на годината па затоа доста се
Антиталент сум си за математика.. како мине времето ке за заборавам и таблицата со 2,5 и 9 само тие ми останаа во секавање друго ништо. Друг антиталент ми е пеењето, сакам да пеам а незнам и тоа ме нервира како и дае знам да врескам и да ечам на кој му се слуша нека ме слуша.. Лелее цртањето знам да нацртам само човече и тоа она што го цртаме кога играме "бесилка" ... Ако продолжам да пишам незнам кај ми е крајот.. Еден е талентот, останатото е антиталент
И антиталент сум за ориентација во кујна, треба човек се да ми напише кај што стои. Еднаш си правев какао, и го загорив, и многу ми горчеше, и ај викам ќе си ставам уште малце шеќер. Одам во кујна, ставам една цела лажица сол мутам со лажица, седнувам пред тв, пробувам од какао-ото и кога пробав, мислам дека го видов господ во пижами. Погадно нешто, амин!
Целосен антиталент сум за готвење ...Пред некое утро се уфилмав да пржам компирчиња во 5 сабајле и ги загорев , умот му го извадов на домашните, пожарна ќе викаа! Антиталент сум за културно изразување..јбг морам да окарам! Антиталент за дипломатија ( е*ати вагата недипломатска) ,за држење ритам со тропање или уатевр!
Дефинитивно антиталент за пливање ! Почнав да учам на 7 годишна возраст а оттогаш поминаа 6-7 години Колку литри вода се наголтав... После третиот престанав да бројам