Не сум сјајна во повеќе работи, но ако за нешто сум антиталент со тапија тоа е спорт. Ни да фрлам топка знам, ниту да фатам. Почнувајќи од ракомет кога го мавав тренерот со топка по глава од што губев осет. Неможноста да пливам. Сите удари што сум ги добила играјќи кошарка. Играњето пинг понг е еднакво со пржење палачинки во тавче како што ми рече професорката. И така натаму, и така натаму....
Jас сум најголемиот антиталент за: -пеење -пливање -лажење -за препишување Спојлер Талент сум за паметење на бројки и возење автомобил
ехее за колку многу работи јас сум антиталент ко ќе почнам од готвење ама ништи не знам да направам мошеби со тек на време ќе се научам, исто ама ич не знам да лажам, цртање, пееење
Се поврзано со форумули, бројки.. задачи антиталент сум за спорт... освен за тенис, одсекогаш сум го сакала тој спорт, дури и како помала тренирав антиталент сум кога треба нешто прецизно да направам... немам нерви
Пеење-дефенитивно!!! А уште пострашно е пак што имам обичај да си ПОТПЕВНУВАМ по дома. И вообичаено-добивам воспитна
Пеење. - Аљо, ако почнам ЈАС да пеам, сите прозори и сите чаши ќе испукаат. Оставам на други. Играње. - Лол, ни сакам, ни верувам дека ќе посакам да играм. Не фала, не е за мене, може да заличам на восочна фигура. Физика. Формули. Ми се мешаат низ глава, не ги сфаќам, и нема да ги сфатам. Чудна работа. Неќум бре!