Се ми оди и готвење и пеење и цртање и лакирање и математика и јазици посебно и се. Сеа за сеа не гледам некој антиталент во мене зошто сметам дека на луѓето се им оди само треба трпение и време. Колку се нервирав во основно за глупата математика а во средно најдобрите оценки ги добивав. Треба само желба! =)
Немам јас антиталенти. Мајка ми ме родила за се да ме бива. Шала на страна антиталент сум за пеење. Али не се предавам, продолжувам да си пеам на цел глас и колку тоа да звучи иритирачки за ушите на оние кои ме слушаат. ЛАаааа ЛАаааааааа Лаааааа ЛА ЛА ЛАААААААА
За логика. Ко магаре и музика. Си имам јас моја верзија на логичните стварчиња и готово. Функционирам некако, 25 години засега.
За оро, не ме бивааааа, освен правото и играм ко здрвена а воопшто не сум таква особа.. кога сум фатена на оро да не ме препознае човек
За пеење, штом отворам јас уста, другите уши затвараат, проверно и докажано . Не ме бива, ко изгребано ЦД сум, ама не признавам и гајле ми е . И за шепкање . Кога ќе ми речат потивко, или ќе ми наместат фаца да не се дерам, баш тогаш гласов ми се штима на најгласно и моето шепкање повеќе изгледа како нормално зборење но со зарипнат глас . И во школо и општо сум се нашла во многу непријатни ситации, но неможам, јас не сум јас, ако не викнам сите да ме слушнат .
Антиталент за цртање. И тоа голем антиталент Исто, голем антиталент сум за учење нешто на памет. Многу имав мака со песничките во школо кога требаше да ги изрецитираме, се ми доаѓаше некој „препев“ да им направам Од тогаш па наваму секогаш кога требало нешто да се научи на памет или да се каже онака како што стои во книгата, кај мене немало успех. Моја среќа е што факултетот што го завршив не бараше учење на памет (баш напротив), па немав проблем и се вадев на моите интерпретации.