1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Византиска (црковна) музика

Дискусија во 'Музика' започната од Bright, 25 јули 2011.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    „Постојат многу начини на кои Го прославувaме Бога, на кои Му ја соопштуваме секоја наша потреба, Му ја доверуваме секоја наша мисла, или, пак, Му благодариме за секого и за сè. Тие форми на обраќање, било да се зборовни, гласовни или, пак, гестикулативни, се длабок израз на личноста на човекот, односно манифестација на неговата природна потреба да Му се обраќа на својот Создател, да заедничари со својот Отец.

    Еден од начините за изразување на верата во Господ е пеењето, или попрецизно дефинирано, литургиското пеење. Тоа не значи само едно воведување на песната како медиум во богослужбениот живот на Црквата, туку значи устројување на еден специфичен јазик на кој се изразува внатрешната состојба на човекот, едно благодатно средство што ги предизвикува и ги покажува молитвените чувства и што ги одбива искушенијата, и надокрај, еден природен порив да се учествува во небесната литургија на ангелските чинови, кои од искона Му пеат на Бога: Свет, Свет, Свет е Господ, Саваот . Ваквиот начин на изразување е природен и духовен континуитет на небесното изразување на славата Господова, т.е. се надоврзува на својот небесен образец, на ангелското пеење. Оваа таинствена врска на горниот свет и долниот - земниот, особено е потенцирана во херувимската песна што се пее на светата Литургија: „Ние, кои таинствено ги изобразувааме херувимите и на Животворната Троица трисвета песна пееме, сега да одложиме секаква животна грижа.“

    Што представува мелодијата во богослужбата? (прочитајте во спојлерот)
    Основната цел на мелодијата во богослужението е изразување на молитвата со јазикот на музиката. Светиот Јован Лествичник, пак, говори за една друга функција: кога е умерено, пеењето понекогаш одлично ја смирува лутината. А понекогаш, кога е неумерено и не е во вистинско време, му угодува на сластољубието . Зашто, говори свети Јован Златоуст во својата беседа за 41 псалм, ништо, ништо така не ја возвишува и не и дава крилја на душата, не ја ослободува од земјата, не ја избавува од уздите на телото, ништо не создава љубомудрие и презира сè што е светско, како хармоничното пеење и правилно составената божествена песна.
    Во православната традиција, за разлика од традициите во другите светски религии, единственото средство, или подобро речено единствениот инструмент со кој се искажува севкупното црковно музичко творештво е човечкиот глас. Затоа, црковното пеење не се употребува, или не постои за да ги нагласи квалитетите и можностите на црковните пејачи, ниту пак, убавината на звукот што го вадат инструментите. Тоа на верниците им го открива Царството Божјо. Затоа отците на црквата велат дека само вокалната природа на православниот музички израз е онтолошки оправдана, зашто како што не ги воведе материјата во грев човекот и сета видлива природа, исто така не може и да ги избави, туку самиот човек згреши, па со тоа, самиот тој треба да се внесе во благодатното враќање во првобитната убавина, а не тоа да се прави преку инструментите и нивната можност да произведуваат пријатен звук. Православниот израз на музичката традиција има постојана богословско-литургиска основа. Таа ја храни духовната потреба на луѓето. Кога ќе влеземе во храмот и ќе ги погледнеме светите икони и фрески, кога ќе фрлиме поглед на иконостасот и храмовите сводови, сето тоа ја буди во нас желбата за молитва. Но колку е празен, колку е безживотен храмот ако во него не прозвучи молитвата, ако не се слушне богослужението, ако се обидеме да го гледаме само како еден вреден и убав сакрален објект. Богослужбеното пеење е, всушност, дишењето на храмот, пулсот на живот на домот Божји. За разлика од тоа, западната духовна музика, почнала, уште во својата рана историја, сè повеќе да се оддалечува од својата суштинска назначеност да служи во заедничарењето на човекот со Бога . Со ова ќе дојдат и нови тенденции, односно богослужбената музика ќе почне да се изведува во нескрални објекти и ќе почне да се устројува според желбата што повеќе да му се допадне на човечкиот вкус за естетика, а не да Го слави и прославува Бога, со што наполно ќе влијае врз духовната приемливост на изведувачите и публиката, а тоа значи губење на просветителската смисла и функционирање надвор од литургискиот простор. Таа ситуација, црковната музика да функционира во концертни сали, е исто што е и музејот за иконите. На тој начин умира потполната способност за изразување и останува само едно минимално делување на естетската музичка содржина.

    http://www.youtube.com/watch?v=9DBGf4Pk ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=pnCNvn2d5Kc
    http://www.youtube.com/watch?v=gP0VRsrw ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=xD3Qg5pw ... re=related

    Дали слушате ваква музика? Какви чувства добивате?

    Јас слушам од кога знам за себе, со ваква музика ме заспивале. Секогаш ме смирувале, ме стишувале, ме потсетувале на Бога.
     
    На Fearless и angelce1 им се допаѓа ова.
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ако нешто сакам освен прекрасната архитектура на црквите и манастирите, тоа е црковната музика. Ме смирува, обожавам да ја слушам, плус какви гласовни квалитети имаат хоровите/пејачите, тоа е нешто неверојатно.

    Еве една песна, првпат ја слушнав лани за Велигден, на Алфа тв така почнуваше секој блок реклами:

    http://www.youtube.com/watch?v=NwMBe6-A6dM
     
    На MarchelineAmaru, Bright и angelce1 им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Точно и јас имам приметено :) дури кога ги слушам се ежам, сега ова во позитивна смисла :D во самото пеење има нешто возвишено, нешто што те смирува.Сакам црковна музика, премногу голем мир чувствувам и кога ќе ги слушнам во црква, а и кога нема пеење :) :angel: посебно преубаво беше за Велигден, ми остана во меморија самото пеење :D едноставно е прекрасно, нешто што може да се доживее, а не може да се опише со зборови :) Да додадам дека и православната и католичката црковна музика ми се допаѓаат :)
     
    На Bright и Saya им се допаѓа ова.
  4. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Нешто што сега го слушнав,беше објавено на страната на Византиска музика на фб. Прекрасно нешто,колку нежно,ми се насолзија очите

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... _SCa92j14k
     
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    98.013
    Пол:
    Женски
    Малку сум офф од темата ,ама ова ме воздигнува...толку топло ,едноставно прекрасно..
    http://youtu.be/y_SCa92j14k
     
  6. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Ми пишеше во еден хороскоп дека сум сакала ваква музика. Јас па се изначудив што е тоа византиска и сега налетав на темава. :lol:
    Инаку не ми се допаѓа.
     
  7. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Стара византиска македонска коледарска песна

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... JpT3GP9A6M

    Мислам дека со ваква песна е најсоодветно да го славиме раѓањето Господово,наместо со
    Коледе леде,паднало греде,УТЕПАЛО ДЕДЕ
    Не знам што е христијанско во текстот,посебно тоа "утепало деде" :^)

    Песната е превземена од страната на Бигорски манастир
     
    На SexyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Прекрасна музика, рај за душа. Еден од начините за изразување на верата во Господ е литургиското пеење. Основната цел на мелодијата во богослужението е изразување на молитвата со јазикот на музиката.

    Древните црковни писатели говореле дека:

    Првиот глас е важен, величествен и најсвечен. Го споредувале со сонцето, говорејќи дека тој ја отргнува мрзоста, тромоста, сонот, тагата и смутоста.
    Вториот глас е преполн со кротост свештен трепет, тој ги теши танжните и ги одтргнува мрачните сеќавања.
    Третиот глас е снажен. Тој е како море за време на непогода, подсеќа на духовен подвиг.
    Четвртиот глас е двојак: час подсеќа на радост, час излива тага. Со тихи и меки преливања на тоновите, тој во душата носи радост, сугерира за стремење кон Севишниот, најдобар изразувач на Божјото дејство врз нас.
    Петиот глас ги умира душевните узбуни, тој одговара на плач за гревот.
    Шестиот глас раѓа, благочестиви осеќања, оданост, човекољубивост,љубов.
    Седмиот глас е мек, допирлив, поучен. Тој нежно убедува, призива моли за милост.
    Осмиот глас ја изразува верата во идниот живот, созерцава за небесните тајни, моли за блаженство на душата.

    http://www.youtube.com/watch?v=tQPUOdDy ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=D-blT874o54
    http://www.youtube.com/watch?v=-iQrZwyq ... wfwd08SKwr
    http://www.youtube.com/watch?v=24OnSwcT ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=veB7kVXKH_M
     
  9. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
  10. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
  11. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Не знам ни една црковна песна.
     
  12. Lost.Link

    Lost.Link Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Според мене..византиската музика е супер :) .. http://www.byzantinechant.org/ (еве една интернет страна преку која се надевам барем малце ќе ви ја доближам византиската музика)..и секако:

    http://www.youtube.com/watch?v=GN_46A7PCUc
    http://www.youtube.com/watch?v=jLGJ-_8mHwE
    http://www.youtube.com/watch?v=HEfMmiBO5xc
    http://www.youtube.com/watch?v=TGSs7D46 ... re=related


    ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Незнам ни една ваква песна! Што знам,кога ќе слушнам некоја можно е да ми се допадне.Никогаш не сум имала прилика да слушам.
     
  14. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    На angelce1 и Bright им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    98.013
    Пол:
    Женски
    На IRBBB и angelce1 им се допаѓа ова.
  16. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    не ми е многу пријатна ;)
     
  17. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
  18. Mizarka

    Mizarka Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
  19. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Почитувам кога некој вложува труд да звучи синхронизирано, увежбано и ВИЗАНТИСКИ ! Маж ми пее во црковниот хор. Духовната музика е најпрекрасниот звук на светот.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Прекрасно, ме смирува оваа музика. :angel: