Одамна се шушкаше дека Фејсбук ќе добие ново име, но ете видовме дека на крај испадна нешто друго и ребрендирањето опфати сосем поинаква насока. Се обелодени веста за Мета, замислата за новиот метаверзум и сето она кое ќе им го понуди овој виртуелен свет на корисниците. Меѓутоа, со оглед на тоа што пандемијата ја зголеми побарувачката за онлајн услугите, некако ваквиот чекор не беше можеби до толку изненадувачки за повеќето. За променава и идејата која стои зад неа се огласи и Марк Цукерберг. Според неговата изјава, се очекува дека во наредниот период најголемата компанија за социјални мрежи наголемо ќе почне да се трансформира во т.н. „метаверзум“. И што би значело тоа? Овој нов метаверзум го дефинираат попластично како некоја виртуелна средина во која луѓето ќе можат да прават буквално сè што си практикувале во секојдневието - социјализација, шопинг, игри, истражувања, курсеви, едукација. Сето тоа ќе им биде на располагање со само неколку кликови. Метаверс наводно ќе им овозможи на сите да искусат нешто поинакво од дигиталниот свет, па останува да видиме кои нови опции ќе им бидат понудени на неговите корисници и како сето тоа ќе изгледа. Еве една поопширна статија со повеќе детали, а вие слободно може тука да си споделите што мислите за ова, ви се допаѓа ли најавата за метаверзумот - зошто да, зошто не и слични муабети.
Почнува да ми недостига кога фејсбук беше најпростото место со албуми odmor 2010 halkidiki и допишувања со симпатии после школо, а не вовед во нешто што ме потсеќа на мрачен скај фај филм. Само имам прашање, зошто? Која е потребата за ова? Целосно да го префрлиме животот виртуелно?
Подобар ми беше Facebook во 2010 кога направив акаунт, отколку сега. А ова со метаверзумот, се' уште не можам баш да кажам додека не видам точно како ќе изгледа тоа. Можеби ќе ми се допадне. xD
Не ми се допаѓа идејата, а мислам дека ќе му успее. Само сметам дека нема потреба да живееме паралелен, виртуелен свет. Веќе го живееме, но ако се оствари чудово ова сега ќе биде како нашето детство во споредба со тоа на денешниве деца. Но сите овие Маск, Цукерберг, Безос итн. кои кога споделуваат идеи и замисли сите ги гледаат како да не се арни нешто си го истераа својот филм. Има визија човекот, 100 посто е насочен, а тоа што мене не ми се свиѓа и на таквите како мене него секако дека не му е гајле. Ама затоа со мемињата барем си се смеам. Работата ми е поврзана со нивната платформа. Кога читам на кои се начини е усовршено собирањето податоци за корисниците, нивно обработување и користење со цел остварување профит, патем на легален начин, со нивна дозвола, (за тоа што не го знаеме не сакам ни да размислувам) сериозно неубаво ми паѓа.
Ова му доаѓа како Ready Player One. Кој ја читал книгата знае. Може да има и школи, да се работи, едноставно животот да се живее виртуелно. Не ми се допаѓа зашто телото сепак физички ни е во реалноста и скапува додека со умот сме на друго место. Да, може да се продолжи да се негува телото, ама колку ќе се има волја за тоа е прашање.
Се ова веќе е достапно ама се нуди во посебни апликации. На интернет се има, социјализација, шопинг, работа и да работиш и да најдеш некој за тебе да работи, игри, курсеви итн. Не можам да го слушам видеото за што станува збор, ама ако е апликација која ке се користи без потреба од додатна опрема како оние 3д очила за игри, тогаш нема разлика.
На повеќето од нас работата ни е врзана со оваа платформа, и не знам дали ќе може да функционираме на стариот начин. Би била многу благодарна ако некој успеа да чуе и сфати дали воопшто ќе постои опција да се објавуваат/публикуваат напишани содржини? Дали ќе има опција да се стапува со нови луѓе во контакт, да се додаваат и слично?
Не е до него. Го префорсираа овој. Цело време ги наметнува своите услуги, под нос ни се набутани. Јас инаку го бојкотирам ФБ и ќе бидам изоставена и од Мета најверојатно.
Појма немам што му е идејата, ама прочитав добар твит- на Зукерберг му се здосадило да води компанија, сака да води држава. Во таа насока и насловов- да беше ФБ држава, ќе беше северна Кореја. Ваљда знаат што зборат, јас никогаш не сум му аплицирала за државјанство и се надевам ќе биде возможно да живееме живот и надвор од метаверзумот ... ах, малку настрана, ама пак поврзано со една друга тема- пошто излегоа студии, која од на Марко апкиве, повеќе го сјебува психичкото здравје, претпоставувам и АИ психијатар ќе постои како опција. Би се плаќал нормално, со ваши пари, некако виртуелизирани, крипто-базирани, штознам... Да прочитам повеќе, може ќе се произнесам дополнително.
Прашање на време беше кога ќе биде овозможена виртуелна реалност на ова ниво. ВР технологија постои, платформи за алтернативни реалности веќе постојат, сега само ќе ги спојат во едно. На две сум за можноста.
Не користам социјални мрежи и сл. платформи, освен по потреба. Не гледам што те заинтересира да ме испрашуваш.
Мене не ми е јасно зошто секоја платформа ја прават сѐ да има на неа. Инстаграм беше платформа за објавување слики. Сега сѐ има само слики не. Зошто едноставно Мета не е посебно со Фејсбук? Не дека жалам за фб, ама една платформа не остана каде што може комплетно да се релаксираш, сите имаат некоја бизнис позадина и сите си зимаат пример една од друга. Социјалните мрежи тотално го изгубија нивното првично значење.
Зависи со какви луѓе се следиш. Јас со многумина од тие што се следев беа content creators и пред да деактивирам голем процент од постовите беа reels. И Инстаграм сами си кажаа дека во иднина повеќе на видеа сакаат да се посветат, отколку на слики. Плус, тоа што додадоа шопинг опција и реклами има на секој втор пост...
Не те испрашувам, те прашав. Зошто сметам дека колку и да бојкотираме сите, а верувам мн луѓе сакаат, буквално од сите страни имаат пипци пуштено. Мн луѓе веќе не се на Фб, но се на Инста и пак истото е, пак сме негови клиенти. Ако не сме кај Марк, на Гугл сме. Ако немаме Фб, имаме меил и со тоа не следат на велико и така. Мн е тешко човек да остане надвор од целиов хајп, а ако му успее замислата за Метата на Цукерберг, според мене пак тешко дека ќе останеме надвор од тоа, колку и да сакаме. Барем повеќето.
licno ne mi se dopaga, sigurno ne bi gubela vreme vo virtuelna realnost zapostavuvajki go realniot zivot
Во ред. Гугл ми служи и ми е корисен, социјалните мрежи не ми се, згора на тоа ми се досадни, па не ги користам речиси никогаш и тоа е се.