Мене ова ми е ептен интересно само кога гледам некој ваков филм, книга, серија. Толку. Некако не ми се допаѓа баш идејата за метаверзумот, а ни за кој било ваков друг виртуелен свет со креирање карактери ко во компјутерска игра. Ептен ме потсеќа на некое сценарио извадено од Black Mirror, колку и да звучи излитено споредбава.
Не ве тера некој на сила да имате профил на Metaverse. Well it can always go both ways. Грижата не ти е неоснована. Алфред Нобел го измислил динамитот со намера да помогне при отворање окна на рудници, ама на некој му текнало дека може и луѓе да се убиваат со него.
Колку и да не ни се допаѓа ова, сепак тоа е реалноста. Огромен дел од компаниите вложуваат милијарди во унапредување на нивниот бизнис кон новите технологии. Не е ни ново во светот виртуелната реалност. Пример, компании имаат развиено цели системи каде луѓето можат виртуелно да разгледуваат продукти кои се продаваат а кои реално физички не постојат во тој момент. Компании буквално од сите сфери почнуваат да користат вакви техники како би се издвоиле од конкурентите. Како на друг начин би се издвоил фејсбук кога се што има имплементирано во последно време е превземено од други компании? Плус тука најверојатно е амбициозноста на Зукерберг.. Не сме ни свесни колку оди напред машинското учење и што све не чека во иднина. Добро е сега што сеуште не се компјутерите попаметни од луѓето.
Па не звучи воопшто излитено. Токму затоа и толку морници ни прави на сите Black Mirror. Зошто нешто ни кажува дека тоа и не е толку далеку од реалноста. Ако ни беше толку апстрактно и ако до толку не би беше верно, ќе си го гледавме лабаво само како чиста фантазија и science fiction, ама јас барем не го доживувам така.
Знам, знам, ете и мојот впечаток е сосем ист. А ова со излитеноста на фразата го спомнав повеќе ради тоа што се изначитав статии со споредби на метаверзумот со бројни вакви сај-фај серии и филмови, па имаше под нив коментари дека сите станале веќе премногу досадни и повторувачки со споредбиве. Јас еве не знам со што друго би го споредиле кога едноставно гледаме дека тоа е реалноста. Концептот си е тој и нема уште долго да биде така далечен ко што тргнало.
Мишела и Марија, знаете зошто пред две години ја прекинав Black Mirror? Токму од оваа причина. Ви се колнам во се најмило дека имам прејак желудник и можам да гледам се и сешто. Од сцени со секс, убиства, до Human Centipede... AMA OВА! Оваа серија ме жегна во мозочната жила и решив да направам сец. Ја гледав, се додека не ми се слоши и не исповратив на лице место. Во контекст на темава, се колнам дека нема да преживеам ако одиме кон дигитално ропство. Не се шалам. Многу од нас нема, само ќе е прашање на време. Ужасна серија. Посакувам да не е реалност.
Facebook Learns There's Already Another Company Named Meta https://9gag.com/gag/aLvQQXA/sc/hot?utm_source=Facebook&utm_medium=social&utm_campaign=link_post Некој би помислил дека го истражиле ова прво.
Јас сум ЗА светот да се одвива во таква насока, се надевам ќе сум жива и витална да можам да сум дел од виртуелна реалност имплементирана во секојдневие. Видов реален живот, ок е, сакам нешто друго. Ко ќе им здосади на наследните генерации веројатно пак ќе се вратат кон основата ама светот мора да се менува. Да можам да ставам VR наочари и ако имам досаден или стресен ден да заминам на Малдиви. Само, ваљда и тоа ќе се плаќа соодветно спрема дестинација... или не?
Налет таков виртуелен одмор во кој нема да можам да ја почувствувам свежината на ветерот, мирисот на алгите, солилото, песокот меѓу нозе и неизвесноста да ме апне некоја дебела гладна ајкула. Искрено, попрво ќе го одберам последното отколку се друго.
Баш го зборевме со блиски муабетов, колку генеричко име е Мета. Ама па и Апле и Амазон се генерички, по помалку или повеќе трзавици и кеш, и секој проблем е решлив.
Може ќе се погрижат што пореално да се доживее, со мирис, со вкус, со допири, со сВе. Да ти стимулираат рецептори во мозок и слично. Којзнае.