Не ти треба агенција за закажување. Пријавувањето и плаќањето се на се 10мин одземаат и општи прашања се, ништо што тие за 50 евра би го пополниле различно..
Како изгледа гарантно писмо од роднина во Америка и кои други документи ги бараат за туристичка виза?
Што прашуваат најчесто на интервјуто? Разбрав дека е многу кратко интервјуто, 5 минути, па ме интересира што битно прашуваат во тоа кратко време. Фала
Некои од прашањата се содржани веќе и во самата апликација што ја пополнуваш, те прашуваат само колку да се потврди. И се повеќе верувам дека однапред имаат одлучено дали ќе добиеш виза или не. Јас добив неодамна за 10 години, во Франкфурт бев на интервју ама мислам дека принципот е ист. Си бираш јазик на кој сакаш да е интервјуто македонски или англиски кај нас би било. Те прашуваат која ти е причината зошто ќе одиш, колку време ќе останеш, дали имаш купено карти веќе, колку пари мислиш дека ќе потрошиш, имаш ли роднини во Америка, што работиш во Мк, дали си била порано, дали често патуваш, дали сакаш да останеш да живееш во Америка и сл. Најважно од се' - немој да лажеш. Биди искрена на секое прашање. Мислам дека ќе ти дадат. Ако имаш некој доказ за тој состанок, како покана или слично можеш да земеш со тебе, да им покажеш. Тоа би било доволно. Јас немав ниту покана- гарантно писмо, ниту букирано апартман ниту купено карти. Интервјуто траеше помалку од 5 мин. И веднаш ми кажаа дека ми е одобрена визата. Со среќа.
Здраво. Ме интересира,дали е некој запознаен ,како и што е се потребно за иселеничка виза за Америка? Дали постои друга опција, освен лотаријата што е секоја година? Ви благодарам...
Знае некој како е процедура за бебе за виза? Јас и сопругот имаме на 10г. Сега сакаме и за бебе? Никаде на сајотот не најдов податоци... Претпостсвувам мора регуларно апликација да се пополни и плати, но дали се носи на интервју? И дали истата апликација се пополнува или има друга?
Каде можам да уплатам за виза? На сајот пишува дека може и кај нив, ама два саати барав и не можев да најдам никакво инфо.
Кога ќе почнеш да ја пополнуваш апликацијата на крај на формуларот ќе те праша дали сакаш да платиш со картица.
Здраво, сакав да ве прашам некој со искуство да ми каже т.е планирав со туристички агенции за Америка, онака на прошетка за еден месец, некој да каже како се пријавте и за интервју што прашања и на кој јазик итн? Благодарам однапред
Некои агенции ги пријавуваат туристите ама најчесто сами ќе си закажете на веб страната и ќе си платите онлајн. Ќе изберете термин и со документите правец во амбасада.. Интервјуто може да е и на македонски, вие си бирате .. Тешко одобруваат ако немаш добра позадина.. прашуваат што ќе им текне, кај ќе одите, зошто, што ќе посетите, каде ќе се сместите, имате ли роднини таму, кај работите, што работите итн.. Може многу прашања да добиеш а може и само 2-3
пред долги години, еден пријател на еден братучед добил на лотарија иселеничка виза за америка. само, има рачка... морал да најде некој кој е веќе во америка да гарантира за него со поголема сума пари... мислам дека 50.000 долари американски биле. ... и нормално, типот се изнамачил додека да бара луѓе бидејќи, нормално, никој не сака да заглави да му биде жирант и да паразитира од него ако не работи или заглави... понатаму, икако нема многу врска со прашањето и тематиката, ама подоцна се слушна муабет дека типчето отиде америка и му стана млад дечко на стар педер...