Ima sekakvi slucaevi . Jas poznavam mnogu sto zaminaa preku zelnata karta , ili sto otidoa kako studenti , i ne se vratija ovde vo Makedonija. Site kako sto gledam se dobro snajdeni . No problemot , kaj nas Makedoncite e sto sme sebicni. Nikoj nesaka da ti objasni , da ti pomogne vo nekoja nejasna situacija...
Важно се снашол подобро да е*еш еден, отколку тука да бидеш во мозокот од кој стигне, за онака да знаеш дека има некоја измислена хиерархија над тебе. Барем во Америка имаш повеќе избор и за работна и за сексуална и било каква определба без да те гледаат дека имаш рогови на глава. @Duhce123 кога аплицираше за green card lottery? Со среќа нека ти е, да те извлечат и со лесно преку барата
Нема никаква рачка.. А приказнава одамна кружи како глупост по нет.. братучед на братучедот од братучетка ми Никој, апсолутно никој не мора да гарантира .. може слободно да покаже пари на сметка Секако тие пари ќе требаат кога ќе стигне таму. Кој решил да трга без 10-15000 долари, ќе се заебе
Мое внуче отиде веднаш по дипломирање со празен џеб, ама тетка му гарантираше за него. Почна од нула, ја нострифицираше дипломата сега е снајден, раб. куќа, жена, пролетва второ дете им се роди. Не мора да си полн со пари, сите немаме 10-15 000$
Приказната колку е вистина, не знам, но типчето делуваше за такво. А ако имаш тука да собереш 10-15000, не ти треба америка... америка е за тебе тука. Или, како што прават повеќето иселеници пред одење, се зајмуваат од сите роднини и пријатели без да им кажат и ги заебуваат... оди после барај ги да ти вратат.
Аплицирав во Октомври 2019. Извлекувањето наместо во Мај , го подместија во Јуни , заради ситуацијата со ковид-19. Е сега не ми е јасно . Проверив на страната за зелена карта , и ми пишува ession timed out. По неколку дена проверувам повторно, и ме носи на друга станица каде пишува : ЧЕСТИТКИ ЗА ДОБИЕНАТА ЗЕЛЕНА КАРТА... Ве молиме потврдете ги вашите податоци. Потврдувам податоци ,само најосновните со име , презиме ,и е-маил и толку. Утредента ми се јавува број ,(непознат , странски ) и не се јавувам. По 2 дена повторно ми врти бројот, се јавувам ми се претставува типката ЛУЗ , зборува на англиски. Ми објаснува дека сум добитник, на дв.лотаријата за зелена карта. Она ке била наш личен консултант , (бла ,бла да не ја должам). И ми вели имаш ли 200е.да уплатиш толку ке кошта визата, за вас , вашиот сопруг ,и вашето девојче. И и велам нема проблем , кажи каде и ке уплатам. И велам но како ке ја земам јас визата? Како да ти верувам , јас на тебе ? Ми вели не се секирај сето тоа што го прашуваш е во ред. Ќе ти пуштам на е-маил линк ,кој чекори ти се за понатаму , што документи ти се потребни и ке се слушнеме. Ми пушта линк , каде ми се бара бројот на моја картичка , всушност сами да си повлечат пари. Мислам дека е измама , но како дојде она до моите податоци ? Се извинувам на долгиот пост.
Секако друга опција не ми остана, пуштив е-маил тука во амбаасадата , објаснов се што како ,ми вратија со повратен одговор ,да им го дадам мојот број и да ми се јават. Го дадов ми се јавија и ништо недознав. Се јави еден арогантен тип , што не ми даде до збор да дојдам (се почуствував како лента да слушам). Му велам господине само ме интересира, дали сето тоа што ми се случува е веродстојно. Дали трева да добијам јас повик од USA. Каков е тој консултант сто ме бара , како стигна до моите податоци. На ниедно прашање недобов одговор. Тој само ме праша ,дали ми стигнам повратен е-маил, каде бара моите податоци да ги потврдам. Му велам да . Дали аплицираше на таа и на таа страна , велам да. И ми вели па што сакаш. Ние ме сме одговорни за ништо понатака , и ми исклучи....
Значи ништо не ти кажал, ама барај пак може некој друг ќе се погоди како од мајка роден да ти објасни подетално, не е работава плати, а не знаеш зошто, како.
Да ништо не дознав ,што ме интересираше. А вчера добив е-маил од Луз каде вели, дека ми остануваат уште 2 дена ,за да ја комплетитам мојата апликација...и зато барав дали има некој тука ,да ми ја објасни постапката.
Знам , и јас така мислам од почетокот , но чудно ми е како дојдее до бројот , до години ,до се... А сонот ми е Америка , па ке си умрам од мака , ако испуштам шанса . И решение немам
Нема никаква врска тоа дека некој треба да гарантира за тебе со 50 000 долари ако добиеш виза на лотарија.
Биди поупорна во амбасадата, барај да те насочат кон некој кој се бави со ова, обавезно прашај со кој разговараш.
На официјалната страна за аплицирање убаво си пишува дека не треба да се чека никаков повик нити е маил кој што ќе ве извести за тоа дали сте извлечени или не. Се сами треба да си проверите. Се друго е измама и мислам дека сте аплицирале на погрешна страна.
И ја мислам измама ако си добитник треба да имаш линк и да пополниш и пратиш DS-160 образец и да чекаш маил со закажан датум за интервју и кога треба да си закажеш лекарски преглед а се за визите се плака у амбасада и тоа по 330$ од човек
Јас зборев за тие што немаат кој да гарантира.. За внуче скоро секој ќе гарантира ама тие што немаат тетки? Мора со пари да одат.. И тоа 10000 се ништо за уса. Треба да изнајми барем соба, 3 кирии однапред барем $2500 ќе му отидат, освен ако не е у некоја недојдија за поефтино.. Треба да полага за возачка, треба да купи кола.. без тие работи може да функционира само во голем град со развиен јавен транспорт Ама таму кириите се барем $1000 месечно, така да исто ти се фаќа.. Треба да живее од нешто додека најде работа, треба да има за не дај боже еден заб да го фати да има пари за на стоматолог.. Треба да плати за почеток во амбасада 330 долари, треба да плати и да помине задолжителен медицински преглед и да се вакцинира од се што е задолжително.. Уште неотиден 1000 долари ти одат во воздух.. И внучето твое не верувам од дома дека го пуштиле без пари... да не се правиме толку наивни Јас живеев цела година во Уса, барем за трошоците не може да ме правите луда.. Каква црна америка е тука со 10000 долари жити се? Што можеш да направиш со 550000 денари? Да купиш стан, кола и да школуваш 2 деца ќе ти стигнат сигурно.. Абе едно дете не можеш да школуваш со тие пари, што ви е жити се ... со 10000 долари Америка тука ти била, баш така..
Тој/таа што би собрала 10000$ и покрај животни трошоци тука сигурно добро им оди. Ако се чесно стекнати.