Јас живеам Америка и за неколку месеци ќе треба да се породам, па сакав да пробам за мајка ми дали ќе и дадат виза. Дали и покрај тоа што ќе гарантирам за неа ќе треба да има и доказ за пари на нејзина сметка?
Здраво на сите Имам прашање, имам дечко во Америка, тој има Американско државјанство и е доктор таму ако е тоа од некакво значење. Се запознавме во Македонија беше дојден, бидејки е тешко тоа што се гледаме два до три пати годишно, одлучивме дека е најдобро да одам јас таму со вереничка виза. Прашањето ми е дали некој знае да ми каже повеќе околу вереничката виза, која е процедурата, колку време трае и слично? Ви благодарам однапред.
Здраво, дали има некој што аплицирал од скоро за виза за Америка (туристичка)? Јас сакам да аплицирам па ако има некој да сподели како е процедурата за аплицирање и дали има можност за работа со Америка со таков тип на виза? Фала многу <3.
Моментално е стопиран процесот за издавање на туристички визи поради состојбата со короната. Прашав и јас, дури и во амбасада се јавив,истово ми го кажаа. Ова пред 1 месец. Види пак јави се да не има некоја промена ама и на нивната официјална страна од амбасада го пишува ова. Се јавив и во агенција што посредува за визи, ми потврдија исто дека е стопирано.
Zdravo bi sakala da ve prasam dali postoi takva viza za Amerika na 10 godini, I mi treba objasnuvanje kakva e? I koi se uslovite za dobivanje.
Постои, но тоа значи дека таа важи за повеќекратен влез во САД низ текот на тие 10 години, а не дека цела деценија може да се престојува без прекин таму. На пр. оваа година поседиш 2-3 месеци, следна можеби 6 месеци по таа 3-4 месеци и тн. Дозволената должина на престој ја одредуваат обично на самата гранична контрола - аеродром, пристаниште, железничка станица (на пр. ако влегуваш од Канада со воз) при влез во САД. Доколку се пречекори дозволеното време за престој следи забрана како за влез така и за аплицирање било каква друга американска виза, најмалку неколку години. Постои како виза тип Б1 наменета за бизнисмени (бизнис преговори, купување недвижнини, присуство на конференции - но не и вработување ниту пак хонорарно работење) и постои тип виза Б2 наменета за туристи (но и за медицински третмани; посета на пријатели и роднини; учество во музички настани како изведувач но не смее да биде платен ангажман; кратки курсеви кои немаат за цел стекнување стручна диплома - на пр. може дводневен курс по готвење; но со таа виза не може курс за лиценциран автомеханичар или студии на факултет и тн.). Цената е околу 160$. Повеќе информации можеш да прочиташ на службената веб страна тука.
Дали некој скоро бил во амбасада за виза? Ме интересира од аспект на влез за во амбасадата тука во ск. Дали бараат можеби пцр тест или нешто за коронава? На страната кај нив нема ништо таков податок
Дали некој познава или имал искуство со агенција или личност за помош околу апликацијата за туристичка виза за америка? Фала
Агенцијата веќе е затворена , но беше во соработка со ЈК Травел и групацијата од Битола, Травел Линк се викаат ако не се лажам. Слободно јави се во ЈК Травел, сигурен сум дека ќе ти помогнат. Поддршката од агенцијата ме чинеше 50€ колку што се сеќавам, плус трошоците за виза од Амбасада нели. Виза добив, 10 годишна, меѓутоа за тоа имав и силни гаранции од таму, што секако ќе ти требаат. Ќе ти објаснат сè во агенција, се надевам ќе успееш и да добиеш виза
Како всушност посредува агенцијата? Ти кажува што документи ти требаат и закажува интервју место тебе? Можеш да ми кажеш што од документи ти побараа ако не е тајна
Ти ја пополнуваат целата онлајн апликација и целиот процес оди преку нив, нормално освен интервјуто во Амбасада кога мораш лично да се појавиш. За документи, искрен да бидам, не се сеќавам, 3-4 години поминаа од кога вадев.
Иначе се јавив во јк травел, не работат со тоа ми рекоа, па најдов човек што аплицирал скоро и ми објасни што како, па вчера сама пополнував аплилација, се снајдов, го замислував покомплицирано, но не било така
Апликацијата за виза е проста и едноставна ако знае човек англиски. 50 евра за пополнување..абе ајде ..боМбона бизМис
Стави линк од страната за аплицирање вака како тазе упатена. Другарка вика дека имало и некоја лажна, демек посредничка агенција у процесов. Нејзе ем лични податоци и повлекоа, ем парите од картичка као за самото аплицирање 100 евриќи, ем уше 10 трансакции со картицава се направија. Чиста измама, уше не ми е јасно како е можно да се помешаат страните..