На самата страна од америчка амбасада каде што пишува како се аплицира, има линк за пополнување на аплик. кликаш на него и директно те води, не можеш да згрешиш
А да прашам како можам да проверам дали сум избрана на лотаријата ако го загубив тој бројот со кој треба да се провери?
Не е точно.. Може да се провери Имаш опција за заборавен број.. ги внесуваш сите податоци и ќе ти даде ако се точни Ама треба и точниот мејл да го знаеш, мн забораваат кој го пишале.
Ај да прашам зашто не сум запознат со процесов, хипотетички, ако добиеш виза преку лотаријава дали е потребно некој од таму да гарантира нешто за тебе некој период?
Да, треба да ти испрати гарантно писмо , адреса каде што ќе престојуваш, на истата адреса ти стигаат и зелените карти, така имам читано , некој што е поупатен нека одговори подетално.
Абе нема што да читаш.. си провериш прво па после пишеш сигурно инфо..да не се стресуваат луѓето без врска
Не мора никој да ти гарантира АКО имаш кеш да приложиш Ако немаш, тогаш треба затоа што не сакаат да станеш терет на државата..мн нормално
Дали одма сите одбрани за зелена карта лотаријава ги ставаат во систем, или треба повторно да проверам понатаму? Само што проверив и не сум извлечена
На кајгана читав имаше пишувано дека имале квота , ако фали тогаш надополнувале и така некој бил извлечен потоа во продолжение, така да чувај го бројчето , ништо не кошта.