Здраво. Јас сакам да прашам колку време трае туристичката виза, дали има правило или за секој различно? Пример година, пет..? Да речеме да аплицирам сега и да ја добијам, дали ми важи да одам за Америка по неколку месеци? Или да аплицирам тогаш кога ќе сум во можност да одам..
Тоа на лице место во амбасада ти одредуваат колку ќе ти важи. Има на некој и на 10 години му даваат. Овде никој не можи да ти кажи на колку ќе ти одредат А дали треба да направиш влез во одреден период откако ќе ја добиеш тоа нека кажат поискусните. Ако ти дадат на 2 недели секако би требало да влезеш тогаш
На колку време ќе ти ја дадат визата зависи од колку ти е силна апликацијата и како ќе те проценат практично за време на интервјуто таму, одма знаеш. Визата ти важи од тој ден па во наредниот период на колку што си ја добила. Пример ако денес добиеш виза на 6 месеци, ќе ти важи до 30.01.2025 и мораш до тогаш да ја искористиш. Што значи дека треба да си аплицираш тогаш кога ќе бидеш спремна и планираш да одиш. Јас добив на 10 години и првпат бев после 6 или 7 години откако ја добив, немав никаков проблем.
Здраво, сакам да ги прашам поупатените (поупатени од мене секако ), дали секоја година има Diversity Visa program, односно дали би имало DV на кој што може да се аплиција сега во 2024? Сите инфо што ги наоѓам на web на амбасадата се за DV2025 за која пријавување било во 2023? Благодарам
Јас колку што знам секоја година има во период од октомври до ноември, па резултати од лотаријата се наредната година во мај. Е сеа DV2025 e затоа што пријавивање било во 2023, резултати во 2024 а инервјуата од ноември 2024 па до март 2025. Сега би било во октомври 2024 пријаувавње, мај 2025 резултати и од ноември 2025 па до март 2026 би биле интервјуата, таа би бика DV2026. Мислам дека вака беше процедурата, бар јас додека се пријавував
Аплицирав за туристичка виза, интервју имам за 2 недели. Сега, моменталната фирма кај што работам нема седиште во мк, само во Америка. Така запишав и на DS формата. Работам со договор на дело. Дали имал некој вака искуство да не работи во фирма што е во Мк и добил виза? Би патувала заедно со сопругот, вработен во ИТ, двајцата со добри плати. Имаме гарантно писмо од пријатели, и нивна адреса како престој за таму. Имаме одено во Америка како студенти пред 6г.
Здраво. Имам важечка туристичка виза за Америка (до 2034 година), но поради стапување во брак ќе треба да извадам нов пасош со ново презиме. Што се случува со визата? Дали треба од ново да аплицирам и истата процедура? Дали некој имал вакво искуство?
Најдобро е да пишеш мејл до Амбасадата во Скопје, па да знаеш за најточно, оти ситуацијата е специфична. Теоретски гледано не би требало да не ти важи визата сè додека патуваш со двата пасоши и визата е неоштетена. Ама, бидејќи друго презиме (иако ЕМБГ, бр. на пасош ќе се тие), ништо чудно да те проверуваат повеќе при влез во уса.
Има ли некој што е запознаен со аплицирање за лотарија за зелена карта за америка дали ако сопругот аплицира и во апликацијата наведе дека е женет со дете, значи не има пишано и мене и синот, тоа значи дека јас не треба/не смеам да аплицирам или да си аплицирам и јас па тоа би ни дошло како дупла шанса?
Аплицирај и ти, секој за себе аплицира. Ние со сопругот поднесовме индивидуално. Секако наведуваш податоци и за него. Само да ви кажав, добивме виза. Не ми направија проблем за фирмата што ми е со адреса во америка само, без седиште во МК. И објаснив и се беше океј
Значи можам и јас и ако мене ме извлечат автоматски добиваат и сопругот и детето? Истото важи и него ако го извлечат? И со среќа на вас
Здраво Некој што бил на интервју во амбасада за иселеничка виза да сподели искуство? Што прашања поставуваат? Дали бараат се уште вакцина за корона? Дали можеш да бираш јазик? И слично....