Здраво, би сакала да прашам колку од прилика чини постапката за добивање на туристичка виза за Америка и колку време од прилика трае истата? Ви благодарам.
14000 ден и за една недела добивате апликација. Но да не ве плашам многу тешко даваат. Синот два пати со сите документи е одбиен
Не е точно дека тешко даваат. Зависи од случај до случај. На моите родители им дадоа од прва, исто така и на нивни пријатели.
Здраво, дали некој има поново искуство со промена на презиме и активна виза? Која е процедурата визата да се префрли во нов пасош?
Неодамна добивме туристичка виза за УСА со сопругот за 10 години. Јас аплицирав за прв пат, тој втор пат (по веќе добиена но истечена виза). Немам идеја по кои критериуми даваат или одбиваат, и кога даваат дали даваат на 10 години, 1 година, неколку месеци... Што се однесува до процесот на аплицирање - доста едноставен и брз. По пополнувањето на онлајн формуларот (DS-160) и уплата во банка, го закажавме најбрзиот термин за интервју и директно на интервјуто ни кажаа дека се одобрени визите. По 2-3 работни дена беа готови и ги подигнавме.
Супер, сте имале среќа. Многу луѓе што ги знам сега скоро беа одбиени за визи, вклучувајќи го и дечко ми. Јас имам 10 годишна виза, за некоја година ми истекува. Првиот пат кога аплицирав ме одбија, но тогаш аплициравме заедно со бившиот дечко. Следниот пат аплицирав сама и ми дадоа за 10 години. А што правиме со фактот дека од 2026 година Трамп ги покачува цените за аплицирање за туристичка виза, вкупна проценетa цена - од 472 до 489 долари... wtf?!
Искрено, и не очекував да добијам виза, особено јас што работам во специфичен сектор, со договор на определено време, но ете... Дефинитивно нема некои правила, дента кога ние бевме на интервју, на сите луѓе пред нас им дадоа, а и јас имам слушано дека сѐ повеќе баратели одбиваат. Имаме „среќа“ што аплициравме и добивме сега, инаку оваа сума е огромна за аплицирање, сума која не ти ја рефундираат во случај да си одбиена...