Здраво дечки Иако може е надвор од темата, односно се зборува за туристичка виза, сакам за прашам дали некој има некакво искуство или знае нешто за бизнис виза. Имам желба да одам за Америка, на прошетка, еден месец, па ме советуваа подобро да барам бизнис виза, полесно се добивало. Вработен сум повеке од 5 години, во фирма што е застапена скоро во цела држава, со над 500 вработени. Вработен сум на неопределено време, имам примања од 35 000 денари. Си купив повратна карта, резервирав во хотел, резервирав 3 саеми во областа со која работам, ке добијам и recommendation letter од фирмата. Имам заштеда од околу 4000 евра во банка. Веќе закажав и интервју за виза. Какви и колку се шансите да добијам виза. Ви благодарам однапред.
Тебе ти треба B1 виза.. (ова В е латиница, наше Б) Штом посетуваш одредени саеми, испринтај ги резервациите и заедно со документацијата од работа не би требало да имаш никаков проблем за виза.. Купи пин и закажи што поскоро.. Можеби не си требал билет да купиш, ама веќе си купил па веројатно и плус ќе ти е тоа.. Иако секогаш имаат право да те одбијат.. За Македонија B1 i B2 визите се издаваат со важност од 10 години.. Со среќа...
Благодарам за оптимизмот Инаку да веќе закажав и уплатив за на интервју за тој тип на виза. Со себе ке ги носам резервациите од саемите, резервација од хотелот, картата и сите документи од фирмата, за плата и слично, па останува на нив да бидат уште расположени за да ми дадат виза.
Здраво, да ве прашам, сакам да одам за Мексико но картата ми е поефтина до Хјустон па од таму до Мексико, него директно.. па сеа се мислев за визата шо да им кажам на интервјуто во амбасада? Пошо ми треба Америчка виза, а со истата може да се иде за Мексико...ама ми е ако им кажам дека само ради тоа што ми е поефтино така да не ми дадат... а бајаги е ефтино затоа шо прво амбасада на мексико е во Белград, второ картата е дупло поскапа до градот кај шо сакам да идам... ај некој совет ?
Епа штом аплицираш за тоа, нема што да им објаснуваш ништо посебно, ако ти дадат, ќе ти дадат транзит виза С-1 Аман бе луѓе, толку не се научивте?! Ако транзитираш некаде, бараш транзит виза, за таа нема многу објаснување во амбасада. Во принцип ако им е денот и ако ги имаш сите документи ќе ти ја дадат.. Обрати внимание дали ќе ти биде мулти ентри, да не не можеш да се вратиш после.. Ако планираш да одиш за шетање, бараш туристичка. Ако планираш да одиш во Мексико а притоа да ги посетиш и САД на подолго време, тогаш ти треба В виза т.е туристичка. А за таа постапката е објаснета до сега 101 пат тука..
Што се треба да имам за да отидам Америка,тетками ме поканува,значи имам кај кој да одам,сакам 3месеци неколку пати сум аплицирала. си мислам да не заборавам нешто да не е проблем затоа што ме одбиваат ако може убаво да ми се објасни фала ви мн.
а што ти значи тоа неколку пати сум аплицирала? Си добивала или те одбивале ??? Каков ти е статусот - мажена, сингл, вработена, студентка.... има тука многу за зборување
Штом викаш - ме одбивале - значи повеќе пати си одбиена?? Како и да е, штом си влезена во систем дека си одбиена, искрено ризикот ти е голем дека повторно ќе те одбијат. Посебно ако си имала можност тогаш како студентка, сега потешко. Освен ако имаш пари и си ризикуваш твои 10 000 денари.
Мене ме интересира за колку време се издава туристичкава виза, пошто сакам да одам ама да биде за брзо еве крај на август, септември. Преку агенција одите или како?
Чупчиња ај едно прашање Моментално сме со девојками во емиратите во Абу даби сакаме да продолжиме накај америка па.....прашањето ми е дали имаме некоја одскочна даска тоа што сме тука кој ни се предностите,дали да аплицирам во амбасадата што е тука или треба МК ...ни треба туристичка виза па после ке го бараме чарето! Бљагодарам
Zdravo decki ke ve zamolam ako ima nekoj sto skoro apliciral za turisticka viza da mi kaze za nacinot na aplikacija i dokumentite koi se potrebni.Vi blagodaram odnapred
Дечки ми испратија гарантно писмо за туристичка виза. Е сега, како аплицирам и каде? Негде прочитав дека е онлајн а на веб страната имаше куп апликации за виза само што не знаев која треба да ја пополнам? Доколку може некој линк да ми испрати или малце да ме упати би му била благодарна
http://moitepatuvanja.blogspot.mk/2012/10/blog-post.html?m=1 Овде некој го објаснил така поопширно неговото искуство со туристичка виза.Можеби ќе ти помогне. Инаку и јас ја бркам работата околу туристичката виза за Америка,гарантното писмо го чекам сеуште.Но од доста луѓе слушнав дека е многу битно на интервјуто да изнесеме уверителни причини поради кои ќе се вратиме пак во Македонија,поточно да им приложиме доста добри причини поради кои не би останале таму,туку ќе се вратиме тука.И секако посебно ги интересира кај кого одиме,зошто...
@mirandaa Ќе мора ептен актерски да се лаже за добри причини да се вратиме во Македонија Или само почнуваш, Дубиоза Балкан No escape
Апликацијата за Америчка е онлјан, исто како и плаќањето и закажувањето исто се е онлјан. За време на интервјуто можно е да ве прашаат 1 може 0 прашања, зависи како ќе ве бендисаат на шалтерот. Но дека треба да имате докази што правите овде што имате овде, тоа е пред се
За добивање на американска туристичка виза како и за повеќето работи во животот сватив дека е најважно среќа да имаш. Ги имав сите потербни документи, работам како програмер со добри примања, но ете пред две недели мене не одбија. Со образложение дека не сум покажала јаки врски дека ке се вратам, а сакав само да се прошетам Бев сигурна дека ќе добијам али ете се разочарав... Читав по форумот дека некои и невработени добиле туристичка виза и ете се е до среќа нема правила