Убаво видех дека нема ваква тема ама ак грешам, слободно нека се избрише. Саках да потражам ваши предлози за посета на некое убаво место низ Македонија. Дека шо може да се иде на викенд со другаарто или фамилијата. На пример може да е тава некои водопади,езерца, некои поинтересни места? Фала
Свети Наум прекрасна природа, мир, спокој, рај за душа Заливот на коски С. Коњско ресторан Минами кој е во традиционале стил, глетка која здивот го одзема Настарата црква Канео сместена во стариот дел Самуилова тврдина Утринско кафенце во Куба либре Секако ова е само дел
Има на фб страничка Викенд во Македонија, врати се назад на страната има многу убави предлози и тоа места за кои не сме ни знаеле и може за некое следно шетање ќе добиеш идеја. Инаку и јас сум поборник да си ја шетаме Македонија, затоа што Македонија не е само Скопје и Охрид пример.
И уште нешто ми текна, во Струмица можеш да одиш, градот е преубав, имаат и хотели во градот ако ти се останува, можеш село Смоларе да го посетиш каде што се водопадите, исто сега имаат таму нели икона од Света гора во некоја црква е таму, можеш на нет да се информираш и да ја посетиш ако си љубител на цркви итн.
Колешевски и Смоларини водопади наблизу ти се можеш да ги посетиш има и ресторанче во Смоларските можете да си ручате таму, Берово и комплексот Аурора,Бела Вода на патот струмица -берово ,Бел Камен-Радовишко ,Струмица хотел Сириус има спа центар ,Велес на езерото имаш и ресторани и бродот е таму ,Демир Капија винарија Попова Кула со ресторант и убава природа ,Крушево посета ан гробот на Тоше посета на спомен куката на Тоше , се надевам ви дадов идеа
Ајде да ги вложам и моите 5минути на темава, можеби од малку поинаква перспектива од останатите но сепак.. Лесновски манастир - На 10тина км од Пробиштип се наоѓа Лесновнискиот манастир, па така може да се сместите во Пробиштип или околината. Манастирот се смета дека е подигнат околу 11ти век и посветен е на Гаврил Лесновски, а главната црква и на Михаил и Гаврил. Иконостасот е резба во орев, прво дело на Петре Филиповски Гарката.. Има легенда за Мурат-Бег што е интересна, а ако се реши некој да го посети, ќе ја слушне.. Спојлер: слики Кратово ..односно Градот на кулите и мостовите Се смета дека е еден од најстарите градови во Македонија па и на Балканот.. со оглед што имаат пронајдено монети од околу 300 год п.н.е, не е и чудно да е и најстар.. Како град на мостовите, би требало да се посети барем напознатиот - Радин мост, изграден 1833год од 9те браќа, мислам повеќето ја знаеме легендата за Рада.. Лоциран е на Манцева река и е висок 23 метри Друг интересен е Грофчанскиот мост изграден на почеток на 18век, кој е единствениот со два свода, а на времето припаѓал на фамилијата Грофчанци.. Златковата кула (најстара е, од 1365год), која што Ѓорги Златков ја купил од Асан Ефендија, Смиќевата кула (со точно 69 скали), Крстевата кула се само дел од кулите што можат денес да се видат, за жал само 6 се зачувани.. Спојлер: слики Во близина се Куклица или таканаречените Скаменети свадбари и Цоцев Камен, мегалитска опсерваторија од праисторијата, што според мене вредат да се посетат, ако не повеќе за да знаеме што се има нашава земја Спојлер: слики Ц.К Куклица Утре повеќе....
Женски викендов славам годишнина со дечко ми па сакавме да одиме некаде на планина на викенд. Препорачајте ми нешто ново и не толку скапо
Минатата сабота бев со мојот сопруг во хотелот Кораб Трница, ни го предложија пријатели. Хотелот е нов и е убаво уреден, има патеки по кои можете да прошетате во природа и да се искачите на планината. Цените се просечни, нема да зажалиш ако отидеш