Royal Winery Queen Marija - Демир Капија Мене многу ми се допадна ова место, бевме лани есента. Апартманите им се многу убави, ние бевме во посебна куќа мислам дека беше Кралскиот апартман, преку Grouper резервиравме и беше ефтина понуда за ноќевање со појадок. Прекрасно е за романтичен викенд, има и винарија, дегустација на вино, вилата на кралицата Марија Караѓорѓевиќ, местото е пространо, а боите на есента го прават магично. Парк Гиновци - Вила со спа Можеби имавме среќа дека само што ги отворија, па базен, сауна, џакузи, спа, беа само за нас. Немаше никој во собите. Има и посебни вили за изнајмување а и соби во главниот објект кај што е базенот. Се користи ресторанот Парк Гиновци. Разгледувам за следниот викенд, некоја интересна препорака?
Здраво, на Инстаграм видов едно интересно видео, од некое ресторанче во село Белица, во близина на Македонски Брод. Дали некој/а бил/а во селово и ресторанчево и да сподели искуство. Го погледнав видеото, можете да видете на следниот линк, со цел да видете за кое место зборувам т.е. прашувам, па доколку некој/а бил/а таму, би сакал да ми сподели искуство. Не знам како се вика ресторанчето, и дали го има на социјалните мрежи. Благодарам.
Не е баш јасно ама во Белица се две-три ресторанчиња. Чифлик Белица е мислам најголемо. Одлична храна има. За престој колку што се сеќавам во ресторанот имаше и опција за изнајмување на соби. Селото како село е со убава природа. Се повеќе викендици се прават. Мислам има и некои извори тука ама не знам која река точно. Пред Белица (од страната на Кичево), пред селото имаш и други места така со рибници, ресторани. Манастирец, Пешна. Во Пешна има и пештера за посетување.
Ресторанот е Чифлик, пределот на околу е прекрасен, Пешна пештерата е во близина, чисто и мирно место. Ноќевање летото беше 500д од човек без појадок 600д со појадок сеа мислам дека е +200д поскапено ради греењето. Михајлово, Пониква, Пелистер.
Неодамна го посетив бањата во Банско...неверојатен нов хотел со термални базени и масажа..топла препорака https://carsamuil.com/
Здраво, имам едно прашање. Со дечко ми ќе одиме во маврово на викенд па сакам да прашам дали некој од вас бил во хотел Реј Маврово веднаш до езерцето. Да ми кажете дали сте задоволни од услугата, собите, храната...❤️
Дадете предлог некое ново местенце за викенд. По можност во близина на Охрид или Битола. Нешто не толку познато можеби. По можност со ресторан во близина
Некој сега брзо да не бил во сириус струмица. Со мајка ми сакаме да одиме на еднон ноќевање. Колку е оддалечено од центарот на градот, со автобус ке одиме до струмица. Далеку ли е со такси до хотелот. Не сум била многу оддамна во струмица.
Хотелот Сириус е надвор од градот, меѓутоа не е многу далеку. Ако одите со такси од автобуска до хотелот ќе ве чини 80-100ден.
Od Bitola 2 sati Riben restoran Nezilovo Za odmor da vikend top Ima i restoran otvori na fb Riben restoran Nezilovo vidi sliki