Потребна ми е вила надвор од Скопје, за Нова година, со капацитет од 10 луѓе. Дај понудете некои вили не можеме една ќора да најдеме
Што би препорачале за еднодневна прошетка во Скопје и околината? Ќе бидеме утре цел ден во Скопје, па каде да прошетаме?
Дали некој во скоро време бил во Вила река - Патишта река? Или Планински бисер - Скопска Црна Гора? Искуства? Како е патот до таму?
Викенд во Македонија каде може да се одмори а притоа и децата да си имаат занимација? ( бидејќи нема лесен одмор со нив ) нешто каде има затворен базен или игротека. Дали некој знае дали постои такво нешто и каде може да се најде?
Дали има некое место за викенд во близина на Скопје нешто слично на Grizzly igloos или некоја како викендичка за овие врнежливи денови ? Само цената да не е како гризли
Дали некој има искуство со сместување во дрвени куќички (chalets) во Македонија? Барам искуства од вакви места од каде што има задоволни посетители. Гледам нудат повеќе опции на Кајак.мк, ама ми требаат и рецензии, а овие од кајак не ги наоѓам на букинг. Најбитно ми е да е чисто и да има пат до местото соодветен за кола.
Комплекс Кораб Трница разгледај ги, ги има на букинг. Имаат класичен хотел и бунгалови, само немам престојувано во нив. Во ресторанот идам често, ми се допаѓа амбиентот многу.
Крушевски конаци. Преубави се куќичките, секоја има на тарасата џакузи, внатре е се ново, чисто, средено, има преубав поглед. Мала маана е што не е скроз до нив асфалтирано, ама тоа се само 200-300 м. За првата куќичка која е најмала се плаќа 4000 ден од ноќ со минимум 2 ноќи, а за другите 2 се плаќа 6000 од ноќ.
И овие ми паднаа во очи и едни слични во Берово. Гледам овие и на гугл мапс ги има со 4.8 просек, скоро се направени пред околу една година како што гледам. Зимно време си била? Ме интересира и греењето внатре колку држи, бидејќи за зимава го мислам (декември или јануари), а некако сум скептик ова напред цело е стакло, да не измрзнеме ноќе.