Станува збор за историска драма на History. Ragnar Lothbrok е млад земјоделец и семеен човек кој е фрустриран од политиката на Ерл Харалдсон, неговиот локален водач кој ги испраќа своите Викинзи да ограбуваат на исток, чии жители се многу сиромашни. Рагнар сака да го предводи западот, преку океанот и да открие нови цивилизации (за кои уште не се знае ни дали постојат). Регрутира лојални војници и оди во потрага по нови земји за кои очекува да бидат побогати. Рагнар, кој тврди дека е директен потомок на богот Один, започнува да се бори со Ерл во битка за превласт. На имдб има оцена 8.6/10, а на TV.com 9.2/10. Јас ја оценив со 10/10. Прво бев скептична за да ја почнам серијава. Не заради приказната (која патем преинтересна ми е), туку заради тоа што не ме интересира историја. Откога ја изгледав првата епизода одма се предомислив и ете сега ми е една од омилените серии. Квалитетно обработена серија која ветува многу. Досега има излезено 2 сезони, по 10 епизоди има секоја. Утре е премиерата на трета сезона што едвај ја чекам. Ако сте фан на Game of Thrones, Spartacus, Black Sails.. сигурна сум дека ќе се опседнете со Vikings! Има некој што ја гледа? Спојлер: Ликови Спојлер: Што се Викинзи? За тие што не знаат, Викинзите биле воинствени припадници на Норманите, трговци и страствени корисници на бродови. По потекло биле од Скандинавија, но помеѓу доцниот 8 и 11 век успешно напаѓале, освојувале и пљачкале места на бреговите на Британија, Франција и други делови од Европа.
Интересно звучи. Можеби ќе почнам да ја гледам, ама прво треба да завршам со гледање на една серија за да почнам друга.
И да ја почнеш! Почетокот на третата сезона ми ги исполни очекувањата.Само малку безвезе ми е да си коментирам сама.
@Gordana10 јас на нет ја пратам, не сум ја начекала на ТВ. Додуша не ни знам дали мојава кабелска ја има хистори. Еве торент од првата епизода. Патем, најголема штета е што Рагнар ретко го покажуваат разголен. И покрај тоа, одлично изграден карактер е.
Јас на History ја гледав до минатата сезона. Сега од новава ќе си ја симнувам, поради обврски и сл, не можам да ја чекам во правото време на тв
Одлична серија, обожавам историски филмови и серии а особено периодот на викинзите така да баш уживав во сите излезени епизоди до сега, ги изгледав за 4ри дена и едвај чекам да излезе нова епизода. Омилен лик ми е Lagertha и Ragnar, се надевам дека пак ќе бидат заедно. Слична серија (според мене и подобра) на Game of Thrones.
И според мене е подобра од GOT. Штета што не излегува цела сезона одеднаш, вака не ми се чека цела недела за нова епизода..
Ја сакам, ја гледам, ама реално не е добро направена. Индиции кои не водат никаде, мотиви кои се губат, премногу драма на моменти. Ја гледам единствено ради приказната која ми е по ќеф. Бјорн е лик од скандинавскиот фолклор, а Регнар мислам дека само малку се споменува. И во серијата кажано е, нели од оној вражалецот, дека синот ќе го надмине таткото. Браво за тоа што обраќаат внимание на ритуалите и обредите и верувањата. Скандинавците ми се едни од омилените народи (само не овие денешниве лиглиња кои се познати хипстери по инстраграмот), глутница на вистински мажи и жени кои се борат за себе. Ја прикажуваат цивилизацијата како преценета и така е.
Јас тукушто почнав да ја гледам и ја завршив првата сезона. Ми стана една од омилените и знам дека набрзо ќе ги завршам и другите две сезони паа, кога излегува 4та?
uste ne se znae tocno datumot koga ke pocni 4ta sezona ne se znae,na net pisuva na pocetokot od 2016. sram da mi e prvite 2 sezoni gi izgledav vo eden zdiv, a tretata sezona ja zapostaviv,moram da ja gledam pred da pocne 4ta sezona.
Мислам дека рекорд ми е во „серија што сакам да ја гледам и никако да почнам'. Првите епизоди од прва сезона ми стојат на лаптоп, кујзнае од кога и не сум ги изгледала. Декемвриов ќе почнам. Ваљда.