Ја почнав вчера вечерта серијава, еве сега ја почнав втора сезона. Неможам да опишам колку мешани мислења имам и во моментов сум толку лута на серијава и сеуште ја гледам. И прехтодно имам пишано, фаворизирам и мислам дека тоа многу ми смета во одредени ситуации. Омилен лик ми е Lagertha и моментално толку сум лута на Ragnar да неможам сериозно да го поднесам. Rollo ми е глупав лик, ама толку ми е атрактивен што сите глупости и грешки му ги простувам. May Thor strike Ragnar dead.
Немам желба кога си пишувам сама под последно мислење ама денес ја читав темата, иако одамна ја изгледав серијата. Што сфатив од вашите коментари е дека ја немам догледано само не сфаќам како зошто торентот за четврта сезона која го слегував пишуваше дека е со сите епизоди. Па сакам да прашам дали сум многу назад, зошто утре планирам да барам подетално за да догледам. Последно се случи ова: Спојлер Помина многу време, сите деца на Рагнар се пораснати, Бјорн работи напорно, Аслог се пијани и ме потсеќа на Церсеи. Епизодата, која ја гледав последно и која ми беше означена како последна епизода во папката која ја слегов, завршува така што Рагнар го нема и се враќа во гратчето и бара некој да го убие, ама сите го гледат и ништо не прават за тоа. Се дур не прочитав тука, врска немам дека Аслог умрела, или дека Роло го имало пак после толку време. Гледам дека тие епизоди се означени како 13,14,15 па си викам ќе ги симнам да ги изгледам вака се осеќам како дупка да имам, а не ми е јасно зошто вака со помалку ми била папката.
После ГОТ се фрлив на оваа. Реакцијата ми беше сигурно е добра колку ГОТ и мислев дека ќе има возбудлив почеток. Прва сезона сум и морам да престанам да очекувам. Првите три епизоди беа дрвење и не ми оставија впечаток, после почна интересното. После трите епизоди почнав да ги сањам и се разбира Рагнар во кревет со мене и си реков морам малку да намалам со неа. Инаку уште во почетокот сфатив дека не е ГОТ и не може да биде добра колку неа, сепак ми го привлече вниманието. Многу ми е надмен сега веќе христијанинот Ролф и многу амбициозен, додека Рагнар е приземјен и ми заликува на Џон Сноу. Уште две епизоди и крај на првата сезона, ама мора да се сложите дека повеќе дрвење имаше во првите три епизоди.
Првата епизода од новата сезона 5 не ми остави некој впечаток. Астрид воопшто не можам да ја поднесам, ужасен лик. Се врти околу Лагерта демек ја сака, а спие и со Бјорн. Торви е прекрасна жена, не дека е светица ама барем се избори со тоа и свесно знае дека Астрид и прави лице. Не сум доживеала лично никој лик од серија да ме заплаши, значи страв ми е од Ивар страшен е. Може добија бројни неочкувани пресврти во претпоследната сезона со Ивар, но кога убива тој е злобен, ко да не е тој ко да е некој друг. Штом е способен братот да си го убие, за се друго е способен. Бјорн ретко го даваат, немам желба да ја гледам втората епизода иако претходни постови пишав дека не е GOT и дека не е подобра од неа, си го повлекувам кажаното. Предобри се и двете само што Викинзи повеќе ми го загреа столот.
Само првата епизода ја изгледав. Леле оној Ајвар, колку ми е...ух, бљак И морало ли така да зборува, со тој акцент, аман. И свештеникон христијански..и тој ме нервира. И Агата ме нанервира Не ми беше нешто посебна епизодава.
Ајврчето мене ме нервира. Ако до претходната сезона чекав татко му да умри, сега тој чекам да умри. Не гледам разлика меѓу нив, исто зло ми се. Мислам дека имам пишано за серијава, ја сакам, ама ни еден лик не ми е при срце. Лагата ја сакав, ама веќе ни таа не е тоа што беше. Ми има интересна приказна, ама често нешто вака сум на одредени ликови:
Како е новата сезона? Не можам да ја почнам да ја гледам, ништо не ме влече. Пишете ако вреди да се гледа.
Страшна. Желбата за водич на викинзите е преголема. Бјорн ги напушта браќата и плови по Средоземното море. Ајвар или Ивар како си го викам јас станува многу антипатичен и злобен, некој ќе му рече два три збора слатки и тој си мисли е Бог ( го дига носот ). Има нешто преземено од Рагнар, некоја дарба. Флоки ги напушта Викинзите. Има преплети, 4тата епизода заврши чудно барем мене таков впечаток ми остави. Мислам дека актерот што го игра Ајвар многу е внесен во улогата па некад имам чувство дали е реалност или само серија. Јас дојдов да прашам кој е островот на кој стаса Флоки, некое вулканско место со црна плажа. Знаеш некој?
Ајвар е буквално креација на Флоки. Добро го воспита, се што не му се допаѓаше од Рагнар го одстрани, а се што му се допаѓаше го задржа. Сите знаеме што не му се допаѓаше. Исто збора како татко му, исто се однесува, а Рагнар ми беше најнеомилен лик. Сепак, не е толку лоша сезоната, па јас лично би ѝ дала шанса. Никогаш не ми била меѓу омилените и држи некоја константа, па ни ми е полоша од претходната, ниту пак подобра. Најдобро пробај две епизоди ако ти се допаѓа продолжи ја. Мислам дека првата и втората епизода беа како блок епизоди, па таман иди за „пробно“.
Четвртата епизода беше Спојлер Бјорн го обожавам! Ептем ми се свиѓа што се погодени,бар за сега, со братот на оној - wanna be крал на сите Викинзи Мада, мекуш сум бе. Ме размрсуљавеа со приказната со Астрид и него, со свадбата и чудата и се'. Дури ќе почнам да навивам за него, ух. Ко што... се' помалку ја свиѓам Лагата. Even the gods have abandoned her. Ми се свиѓаат церемониите со свадбите - како ја прашуваа Астрид (претходно и другите) дали е сигурна дека сака да се омажи, дали е по нејзина волја...ќе треба да прочепкам за статусот на жените, тогаш. Исто ко што ме заинтригираа некои работи околу нивните патувања по медитеранот. Сицилија и Византијката - христијанка.... едвај чекам да ја видам приказната со неа, како ќе се развива. И, ух. Колку и да не го сакам Ајвар-от, му го сакам тоа мозочето кога му крои стратегии....why are the rats above ground Ќе мора скоро да ја изгледам следната епизода.
Спојлер: Е5(?) Што беше финтата со девојката која не беше девојка, а која му ја дадоа ко подарок на оној и прашањето на Бјорн: дали беше проблем за тебе? Ах тие од ЛГБТ
Ајвар бе. Ич не го мислев така името, во тој контекст и сега си се изнасмеав, Јас 4ртата ја гледам, вака кога се насобрани ми е поинтересно. Ми фали мене Рагнар, некако Убе како да го имитира со очите, некои интересни движења кои Рагнар ги правеше, но Убе не може да ги долови, па ми изгледа ко да му фали нешто. Приказната со Бјорн ми е најинтересна, се надевам повеќе таму ќе се задржуваат, другово е веќе видено.