Спојлер Братската војна започнува. Сум за Бјорн и компанија, ама Ајвар ми е страшен, непредвидлив и мислам дека пак ќе се изненадат. Се обидуваат да ја реинкарнираат врската помеѓу Рагнар и Етелстан со оваа на Ајвар и Бишопот, едната базирана на разбирање, другата на злоба. Мене барем така ми делува. Можеби злоба не е точниот збор, но тука некаде е. Бишопот не ми се допаѓа како глуми, префорсирано некако со тој погледот што се обидува да изгледа мистериозно, ама само ме иритира. Едвај чекам следна епизода. Не била толку лоша, after all.
Не ми се допадна оваа епизода. Се согласувам со Реин ги реинкарнираат епизодите. Хедмунд падна во рацете на Лагерта. Не знам кој наседна на наивниот потег на Ајвар демек не може против браќата, знаев дека е замка. Мајка му највеќе го сакаше од сите други браќа не верувам дека лесно ќе се откаже од одмаздата. Се си мислам дека таа на Убе и Ајвар ќе се здружат против Лагерта.
Ако има некој кој го неќам поќе од Ајвар, е онаа на Убе. Ај нека седи Астрид сега така окапана што ја изневери Лагата. Конечно "добив" омилен лик - Бјорн.
Спојлер Ете, бидна првата битка. Дали ви стои дека Ајвар нешто мати? Не можам да поверувам во таквата лесна победа и подмачканиот план. Не со противник како Ајвар. Важно он си се тргна на страна и ги остави да се потепаат. Хмммм... До сега што знаеме за него е дека не е кукавица. Никогаш. Значи, има план. Веројатно ќе делува сега кога им се ослабени војските и на Лагерта и на Харалд Во исчекување сум.
Спојлер: Спојлер И мене ми беше премногу чудно тоа што остави да се борат без да се придружи, иако е паметен и знаеше дека е доцна да се придружи, но како намерно да го остави бојното поле уште на почеток. Не ми се допаѓа што браќава се еден против друг. Ми недостига Рагнар.
Ајвар сака да се истакне дека иако е најмал треба да е крал на Категат. Поради тоа се бори, нема врска одмаздата на мајка му, сака да ја тргне Лагерта. Мене Убе ми е ептен убав и Маргарет не е за него, отсекогаш мислев дека е преголем залак за него и таа со Ајвар совршен пар би биле и двајцата злобни. За Торви баш ми е жал, тоа е кармата и мислам дека Убе и е на место по избор за маж. Сите млади прават грешки и не знаат што сакаат, подоцна во животот го сфаќаат. 9 - тава епизода ми се допадна повеќе од 8-та. Јасно е дека Лагерта ќе падне во битката. Само мислам дека ќе биде протерана од Категат.
Штом им донесе борбата за парче земја и град, борбата за сопствениот народ и борбата за одмазда? - Смрт. На многу најблиски личности. Рољо се враќа во Категат, можеби ќе донесе ред и мир, само браќата засекогаш ќе војуваат. На почеток не ја сфатив 10та епизода некаде на средина таа изобилува со преплети и едно појаснување - што значи загубата.
И што е сега со Лагата? Наеднаш ѝ побеле косата? Цела? Што љубов ќе беше, еј. А можеа заедно мајки да си бидат.
Леле мајко мила, не е фер. Јас пак со душа ја чекав 11та епизода иии ништо... Ќе си чекаме сега тоа е.
Јас по една недела од прилика ќе проверев кога нова еп, кога ќе видев дека нема некое време. Многу, многу дена. Дефинитивно најголема пауза прат на сред сезона. И друг пат вака е? Оваа ми е прва сезона епизода за за епизода да гледам.
Мислам дека не било. И мене ми е оваа сезона така што ја гледам епизода за епизода. Летоска ќе гледаме.
Lagertha и Heahmund: Знаев дека ќе има некаква приказна помеѓу нив, но мислев дека ќе биде поткрепена со подлабоко значење, иако до сега тоа не беше откриено, се надевам нема да остане само така и нивното сретнување ќе има некаква поголема цел. Bjorn: Неговиот карактер конечно стана поинтересен и верувам дека ќе има голема улога во целата приказна, иако во следната сезона акцентот ќе се стави на Ivar. Astrid: Премногу збунувачка беше целата приказна околу неа и се надевав на некаков расплет и казна за напаѓачите на Astrid од страна на Lagertha. Rollo: Очекував да се врати во последната епизода, но мислев дека тоа ќе се случи порано и дека ќе им помогне на Lagertha и Bjorn. Останува да видиме што ќе се случи, но се надевам дека нема да испадне татко на Bjorn, затоа што тоа би ја променило целата приказна и е спротивно на пророштвата на The Seer. Мислам дека приказната конечно (после смртта на Ragnar) тргна по некој свој пат и почна да се продлабочува. Се плашам дека Bjorn ќе мора да ја убие мајка си, но ако тоа мора да случи, се надевам ќе биде за да ја спаси од поголемо страдање. Останаа многу прашања неодговорени и генерално прекратко време на екранот за сите карактери. Останува да видиме дали ќе се одговорат во следната сезона.
Подобра серија немам гледано. Штета што толку брзо ги изгледав сите сезони.. Се надевам на уште епизоди.. А, дали знае некој кога ќе ја има 5та сезона на Netflix?
Некако... Ми згасна жарот за серијава и не ми е интересна сезонава. Како ви се свиѓа, ја гледа некој уште?