Ќе заврши со 6тата сезона. И доста е, ептен напорна стана за гледање, ептен сега пред крај не ми се остава.
Баш е неподнослив. И веќе и фаците се едни та исти му се, напорен е многу. Нема никаков правец серијата, едно исто се врти во круг, се борат истите едни против други само во различни сојузи. Глупости. Флоки па...
Ајвар ми е најнеомилен. Не го поднесвам. Страшно препотентен, арогантен, фрустриран. Рагнар го неќев и Ајвар ги има истакнати сите карактеристики на Рагнар кои не ги сакав. Флоки реши да го воспита во дух на Вајкинг, и успеа. Убе од друга страна ... Само за него гледам, и за Бјорн. Хвитсерк конечно покажа дека можи да зборни, напредок. Спојлер Заплачив кога умре Бишопот и Лагата исчезна. Та ми беше една од најомилените и заслужва малку среќа ама никако да добие. Никако. Врската на Убе со Алфред ми е слика- прилика на врската со Рагнар и Ателстен. Не знам дали вистина сакаа во тој правец да ја однесат, или пак се работи за fan service. Check out this article on TV Time. https://tvtime.com/r/Rmbk
Не ми е јасен русинот со новата жена што божем личи на Фреја ( а истата глумица е само друга боја на коса), што се неговите цели и идеи не знам или ова е само еден сон низ кој талка Ајвар?
Среќа порано шо не ја отворив темава, вакви работи у спојлер обавезно . Ја завршив шеста сезона и многу ми е мех искрено. Чекам вториот дел да излезе, стварно не можам да предвидам како би завршило.
Веројатно сум сама на темава, ама јас пак да си кажам дека вториот дел од последната сезона излегува на 30ти декември .
Најверојатно најпрво ќе излезе на History channel. На НВО и нетфликс не знам дали одма ќе ги пуштат, но можно е.
Гледаш ли? Спојлер Овие брзо го заборавија Бјорн, а јас останав ваква кога умре. Психички се спремав да ја почнам и не можам да ја сварам 11 епизода.
Значи до сега немам изгледано една серија со добар крај. Па така и Викинзите...многу слабо....всушност од смртта на Рагнар се се смени на полошо...изгуби квалитет