Дали читате Википедија, без разлика дали македонската или некоја странска, пр. англиската верзија? Дали ви се наоѓа, дали ја сметате за корисна, дали создавате или уредувате статии? Јас имам создадено и уредено научна статија на македонската Википедија и сајтов ми бил корисен и ми завршил работа колку-толку, посебно англискиот, ама сметам дека во слободно време убаво би било повеќе да се пишуваат и уредуваат статии на македонскиов, не само да се читаат. На почетокот е доста комплицирано, се уште не можам да се снајдам со некои алатки, ама во принцип кога ќе се научиш може е заморно, ама е корисно во слободно време и за тебе како уредувач повеќе ќе научиш кога тоа ќе го напишеш отколку само да го прочиташ, а и ќе оставиш нешто твое. Е сега, не ми се допаѓа пр. тоа дека секој може да уредува било која статија. Треба според мене да постои некакво ограничување, или да се бара дозвола од создавачот. Што мислите во врска со Википедија? Спојлер барав, ама не најдов ваква тема, ако има преместете ми го мислењето таму.
Не се, затоа што секој може да уредува. Инаку администраторите прво ја прифаќаат статијата, па потоа излегува на сајтот, што значи и тие не треба секакви статии да прифаќаат, туку само точни не колку да се пише нешто.
WIKI = What I Know Is Zатоа се смета како извор на кој не треба во целост да се потпираме. Jас лично кога сакам нешто да научам ја бирам енциклопедија британика. Wikipedia само кога сакам набрзина да дојдам до некоја информација за некој актер/пејач или за некој филм. инаку супер е што си решила да ја збогатиш Wikipedia на македонски за твое задоволство а секако тоа твое задоволство некому ќе му биде од корист
Мене ми се допаѓа Википедија Често ја користам за информации за актери, пејачи и слично Јас мислам дека е корисна и доста информации може да се најдат
По историја често ни даваат истражување, се тоа го наоѓам на википедија, и кога нешто ме интересира, таму одам!!
Да,често знам да отворам да видам кое место каде се наоѓа т.е тоа го гледам и на гугл мапс ама од википедија малку повеќе се информирам.Инаку исто така доста често го отворам да видам за некои вип личности кога се родени или некои останати информации.Овде можам да наведам дека доста често користам википедија и за во школо за некои потребни информации
На Википедија има и точни,но и неточни информации На пример ако истражуваш за некој султан(пример нека биди Селим Свирепиот-Селим Први) и на македонски излегува дека има помалку деца околу 4-5 нз точно,а на англиски излегува дека има 8 некаде тука пример сега кажувам...не е се точно овде,добро понекогаш ја користам кога ќе ми притреба нешто за на учiлиште и слично,но повеќе информации наоѓам на Google пишам на англиски то шо ми треба и толку...
Википедија многу ми помага за проекти , да, за проекти. Само не сум сигурна дека информациите од А до Ш се точни. Барем така ни велат во училиште: Не верувајте многу, многу на википедија, не е се’ точно. Инаку, не уредувам статии .
Таа пуста тетка Вики никогаш не ми била репер за точност, иако на неа најлесно се стигнува до било каков вид информации и првиот резултат од интернет пребарување е секогаш од Википедија. Па таму кој стигна - напиша.
Ми се допаѓа и ја користам Википедија. Навистина е корисна. Сеуште немам ништо пишувано или едитирано но можеби некогаш... Ја користам за прокети во училиште но исто така и за работи кои мене ме интересираат...
На википедија имам прочитано најразлични глупости, сум забележала дека пишува кои статии се проверени и точни (демек тој што ја напишал статијата го навел и изворот). Инаку јас за веродостојна информација ја сметам само печатената литература со автор, година на издавање, издавачка куќа...
Википедија многу ми има помогнато за домашни задачи, проекти и др. ама скоро секогаш проверувам и на други страни, дали информациите се точни
Често читам на Википедија. Кога ќе ме заинтересира нешто си пишувам на гугл и првиот линк е од Википедија. Баш сега во букмаркс имам линкови од Википедија кои чекаат да бидат прочитани. Со информации за проекти е секогаш тука, можеби се не е точно, но досека сум немала никаков проблем. Помага и за некоја домашна. Штета што кога пребаруваш нешто, на македонски јазик има само неколку поднаслови и тие неколку поднаслови содржат премалку текст. Додека пак, ако истото нешто го пребаруваш на англиски, ќе ти излезе милион пати подолга листа, која ќе биде покорисна, побогата и поопширна, што не е случај и со македонската верзија. А, ако ти треба тоа за проект, и повеќе има на англиски, малку е мачно да го преведеш. Не дека е тешко, но различно е кога ти го читаш, си разбираш, ама за преведување треба многу да внимаваш, па да не испуштиш нешто, па некое зборче погрешно да не го преведеш, особено ако има стручни зборови, а како што знаеме на гугл транслејт не може да му се верува. Досега не сум се обидела да пишувам статии или пак да преведувам, а не верувам и дека ќе пробам, од проста причина бидејќи немам време и баш не ме интересира да го правам тоа.
Често читам на Википедија,има корисни информации од секоја област,не знам колку се точни.Само што на англиски има многу повеќе содржина отколку на македонски.