Често си читам,наоѓам се што ме интересира, иако не е се точно горе - долу, има податоци кои ќе му помогнат на човек за тоа што бара
Често ја користам за да прочитам за некој град, село, мапата, биографија на некоја славна личност итн.
Речиси никогаш не ја користам затоа што податоците не се проверени а според мене нема полоша информација од дезинформација.
Читам често, некои информации ќе извлечиш,горе долу. Ама ме нервира шо ако на англиски на пример е 5 страни текстот на македонски е 1 ипол страна
Ја отварам кога имам потреба од некое инфо, најчесто за некои општи информации, не многу битни, зашто не може за се’ да се ослониш само на Википедија.
Добро, видов статија која ја имаше само на македонски, сега веќе е внесена на странски јазик(не е англиски, не е од светските јазици). Дали тоа значи дека таа статија му се допаднала некому, на некој конкретен уредник на Википедија во таа земја и ја превел на нивни јазик? Може ли тоа да се смета како успех, самото ажурирање на податоците? Како одлучуваат што е вредно за превод, а што не?
Не на еден, на два странски јазици преведена е биографија од македонски. Како бираат чија биографија ќе преведат и како бираат на чиј јазик ќе се преведе? Ако некој има искуство нека пише, баш сум љубопитна како им текнува дека на тој и на тој ќе му ја преведат биографијата на некој јазик. И чудно ми е што не се работи за светските јазици. За ургенции не се работи секако. Како паѓа изборот, баш ми е чудно, а и сум пријатно изненадена.